Искуство на скопјанец во Охрид: Не се охриѓани катиљ, си ќарив бесплатен паркинг, да не ти се верува

0

-Отсекогаш сум имал предрасуди кон охриѓаните. Вакви биле, такви биле, вели за Галама еден наш читател кој беше на одмор во Охрид и ни испрати порака откако на два три пати пишувавме за искуствата на нашите читатели во нашиот бисер.

Пораката на нашиот читател продолжи вака: Тргнав со ќерка ми, со бабата и со жена ми. Сакавме за Грчка прво, ние со години си одиме во Платамона, кај нашиот Костас, ама се изјалови годинава.

Бабата болна, не можевме сама дома да ја оставиме, а до Грција ѝ е далеку, па си викам, ај до Охрид да пробаме, што ќе ни фали, и за неа поладно и за нас, и поблиску.

И така тргнавме натоварени, оти ни рекоа охридските маркети, ако се иста фирма како сегде низ Македонија, таму се поскапи. Фино си поминувавме, ќе зафатев јас сенка од рано сабајле на Славија плажата, ладно пиво, за жениве кафе, детето кофички, играчки…

Па си викам, и не било така лошо овде, ем си кај свои, ем убава клима. Ама цело време како со некој грч, знаеш скопјанчишче да не ми рече некој.

Еден ден едни комшии дојдоа, ми се јавија, а детево изгорено да си игра со малата нивна. Ми вика: Комшо, донеси го детево на колички, ние ќе бидеме со неа, ти одмори ако сакаш.

И ме бендиса идејата, вечерта запалив кола накај центар, малава се израдува, ќе си игра си другарка ѝ од маало. Во центар, ха ос за паркинг како и секогаш.

Едвај најдов место, ја напикав колата до едно дрво и оп. Одма дечково за паркинг се нацрта. 40 денари саат, порака ќе пратиш или ќе ми платиш?

Ќе ти платам дечко, му викам. Лошо сум паркиран, ама за 15 минути доаѓам детево да го оставам. Ако е за толку, ич не ми давај пари, ми вика, а јас го гледам бледо и не ми се верува.

Охриѓанец да не сака пари за паркинг да ти земе, тоа е светско чудо. Абе, оди спокојно, ќе ти ја вардам колава, уживај, ми рече, а јас го послушав.

Си отидов накај комшииве и си викам: Па имам време и едно пиво да џапнам дур колава ми е на сигурно. Арно ама, со комшијава недоразбирање: Не биле на овие колички туку на подолните.

Па, дур ги најдов, ми требаше 15 минути, а комшијава веќе купил по едно пиво, па ај децава дур се возат на клупа да испиеме по едно.

И се напив, убаво ми дојде, ама јанѕа почна да ме јаде за колава. Пола саат помина, бар број да имав од дечково, од кај да знам, да не ме зезне, лисица да не ми стават.

Испив пивото и викам: Комшо, чувајте и дете, јас морам да бегам, колава лошо ја паркирав. Се враќам за пола саат. И тргнав како луд да трчам најак колава, и кога стигнав деково ми се пресмеа.

-Ам шо брзаш де, ти реков ќе ти ја вардам колава. „Бе дете, поминаа 40 минути, јас реков 15. „Е, арно де. Шо трчаш ко оние маратонцине од Охрид трчат шо се“, ми рече и ме насмеа.

Си викам во себе: Не се охриѓаните така лоши. И си платив паркинг, купив уште пива, едно го частев детево, по едно за мене и комшијата, се вратив после кај него.

И детево среќно, и ние напиеножи, и еден саат паркинг ќарив. Дечково беше упорен и вториот саат ич да не го платам, ама не можев така. И ми рече на крај: Ај, и утре те чекам да си муабетиме. Сабајле по немам гужва.

Претходна статијаМиа по неколку недели се врати од Албанија, а причината е оваа (ФОТО)
Следна статијаБрена си ќари 30 миљончиња од продажбата на Гранд, па се пофали со јахтата која е голема колку еден стан и е со солена цена (ФОТО)