Човекот за кој се омажив, многу го сакав иимав чувство дека го познавам цел живот. Бевме долги години во врска и навистина изгледаше дека, тоа е тоа. Дека иднината да бидеме заедно ни е загарантирана.
Не само иднината туку дека се согласуваме во се. Секогаш беше договор меѓу нас двајца. Ништо не криевме меѓу себе и за сè разговаравме и се договаравме.
После пет години врска се одлучивме за свадба. Тој ме запроси, а јас прифатив. Знаевме дека тоа следува. Тоа беше реален следен чекор.
Не живеевме заедно претходно, него секој кај своите родители. Договорот беше после венчавката да се преселиме кај неговите затоа што имаа куќа до својата куќа, па така ќе ни биде покомотно.
Беа блиску, не ми беше сеедно, но тоа ни беше единствена можност во тој момент. И секако да имаме некоја своја приватност. Се беше одлично, се договоривме и се венчавме.
Поминаа неколку месеци од бракот и морам да признаам дека тој се промени и дека почна да се однесува на друг начин.
Не знаев што му е. Мислев дека можеби му треба време да се пралигади на новата ситуација, но ништо не се менуваше.
Пуштив се и реков ќе видиме. Треба време. Јас и понатаму продолжив со животот како претходно. Имав 24 години. Сакав уште малку да се забавувам со пријателките. Понекогаш да излезам на кафе и слично. За деца има време.
Но време немаше за мојот маж. Тој сакаше веднаш, но претходно криел од мене. Почна да ме притиска и еден ден пукна и се ми кажа во лице.
Сфатив дека тоа е она што го мачело цело време, но сега тој се отвори. Беше гр озно.
Можевме за тоа убаво да разговараме. Но, можеби тоа беше некоја задача да ме ожени и да ме смести во куќата и јас да му раѓам деца, да готвам, перам и чистам. Тоа е се што не планирав на своите 24 години.
Се дереше, како не ми е срам толку да се дружам и да пијам кафиња како мажена жена. Да се сместам дома и да работам работи кои се за жените наменети. Дека никогаш нема ручек, а кога има пак се е одвратно.
Ако не почнам да работам, да си ги соберам парталите и да си одам од неговата куќа. Значи, тој човек, кого го познавав долго и кого многу го сакав се промени во еден момент. Откако се зедовме, пак ќе напоменам, претходно беше поинаков.
Се разбира дека не сакав да ме уценува. Особено ме навреди со условот, собери си ги парталите. Веднаш го оставив и си заминав, но никогаш не дознав ниту ме интересираше дали тоа го планирал сите тие години претходно, или едноставно нешто пукнало во него во тој момент.
Јас го замислував бракот со деца и како семејство, но ми требаше време. Бидејќи сè треба да оди чекор по чекор. И не е само тоа проблемот, туку неговиот настап кој ме доведе до тоа да го замрзам.
Сè падна во вода, па така и нашиот брак. Сега сум сама и најголем проблем ми е да почнам на некој друг да му верувам, после сето ова.
Фото: Илустрација