Фолк ѕвездата Весна Змијанац купила трособен стан од 87 квадратни метри во нов деловен и станбен комплекс во Белград, дознава Информер.
Таа, нејзината ќрка Николија и зетот Реља, сите ќе живеат во станот заедно додека не се породи Николија, а потоа пејачката ќе се врати во својата куќа во Букујлија.
– Весна неодамна го продаде својот стан на Вождовац и купи нов во улицата „Кнез Милош“. Го купила додека бил сè уште во изградба, па квадратен метар ја чинел 2.661 евра, додека цената сега е многу повисока.
Станот е на приземје во најлуксузната зграда во соседството, кој е под видео надзор. Весна наскоро ќе се пресели кај Николија, Реља и нејзината петгодишна внука Реа – вели изворот на Информер.
Тој додава дека Змијанац планира да биде со бремената ќерка некое време во Белград, а потоа ќе им го остави станот на Никола и Реља:
– Николија е во шестиот месец од бременоста и Весна сака да се грижи за неа до раѓањето, да ја носи на прегледи, да готви и да се грижи за нејзината внука Реа.
Кога ќе се роди бебето, тaa ќе биде со неа неколку месеци, а потоа ќе се врати во нејзината куќа. Николија и Реља ќе останат таму за да живеат со своите деца.
Овие денови, Змијанац го нарачува мебелот, кој обично го избираат нејзината ќерка и зет.
– Секој ден ги разгледува каталозите и ги посетува продавниците. Им рече дека ѝ е доволна една соба, дека ја има кога е во Белград, а остатокот може да го договори како што сакаат“, пишуваа сропските медоуми пред извесно време.
Николија Јовановиќ се породи na 17 јули, во Народниот фронт во Белград. Младата пејачка и нејзиниот партнер Реља Поповиќ станаа родители на уште една ќерка, а Весна Змијанац по втор пат стана баба, пренесува Стори.
Наследничката на Весна пристигнала во породилната болница утрото, каде ја пречекал тим лекари кои го следеле развојот на бременоста во последните девет месеци.
Само неколку часа подоцна беше објавено дека пејачката добро го издржала породувањето и дека родила ќерка, за која најмногу се радувала нејзината петгодишна наследничка Реа.
Пејачката Николија Јовановиќ објави провокативна фотографија само десет дена по породувањето – обожавателите со неверување ги тријат очите.
„Дали беше воопшто бремена?“, шеговито прашуваат на социјалните мрежи. Николија позираше во зелена топ маица и длабоки хеланки, а нејзините следбеници беа воодушевени од глетката.
„Дозволете ми да го забележам моментот, додека сè уште имам облини“, напиша Николија.
Таа и нејзиниот избраник Реља Поповиќ добија уште една ќерка чие име не сакаа да и го соопштат на јавноста. Популарниот пар веќе ја има ќерката Реа, која наскоро ќе наполни пет години.