Им тргна во животот на Наум Петрески и на Зуица, аирлија нека е (ФОТО)

0

Наум Петрески важи за еден од најпознатите македонски фолк пејачи. Настапувал на речиси сите фестивали во Македонија и на голем број во странство, а одржал и многу концерти ширум светот, особено онаму каде што живеат Македонци, во Австралија и Америка.




Кога ќе се спомене името на фолк пејачот Наум Петрески, веднаш буди спомени и емоции кај многумина, особено кај неговите обожаватели и фанови.

Испеал многу антологиски македонски песни, меѓу кои „Филизо, моме Филизо“, „Ајде сонце зајде“, „Зајди, зајди јасно сонце“ и други. Едни од неговите најголеми хитови се: „Жал за Деспина“, „Има ли песна“, „Лазарополе“ и други.




Првиот јавен настап го имал на седумгодишна возраст, како претставник од македонија на деветтата меѓународна смотра на фолклорни друштва во Загреб.

Од 1990 г. почнал професионално да се занимава со музика и до ден денес остварил многу успеси на музичко поле и секогаш останал доследен на корените на македонската фолклорна музика.




На прашањето дали се доживува како ѕвезда – во едно неодамнешно интервју одмавна со рака и рече дека во Македонија не може да се биде ѕвезда, особено не сега кога фолкот е на маргините.

Над 300 песни има на својот репертоар и снима активно. Сепак, фестивалите како рече, веќе ги остава за помладите.




-Ги зедов сите награди по фестивалите што требаше да се земат, време да им отстапиме простор на помладите, јас на фестивал би можел да сум во жири или пак да имам мини концерт додека се чекаат наградите, вели Наум.

На почетокот од кризата со вирусот, Наум даде свое размислување за тоа како Државата се справува со неа. Неговиот Фејсбук статус кој го објави во април за време на карантинот крена голема прашина:




„Полицискиов час можеби малку и ќе помогне, но ова со премногу бавно тестирање на заразените и нивните блиски контакти се одолжува, а со секој час расте бројот на новозаразените.

Мое мислење е со паричната помош или со кредитите што ќе ги земаат, Владата да набави тестери за секој човек во државава, и така ќе има најсигурни резултати и најбрзо потиснување и уништување на вирусот.

Треба да има не само 14 центри кои не знаеме ни каде се за испитување, туку и мобилни центри кои ќе испитуваат темелно а не на „жими мајка“- имам температура. Нема да се заврши добро за никого кога ќе ум-рат илјадници.




Од денеска јавно им кажувам на властите дека од денеска не седам во кара-нтин заради нивната очигледна неспособност да се справи со обичен грип кој ни го наметнуваат како опа-сен.

Опасен да, за луѓето со попречен имунитет, е тие луѓе ставете ги во карантин, а не сите нас“, е дел од статусот на Наум објавен за време на Велигденските празници.

Наум е навреден од одлуката на Владата на пејачите кои изминативе месеци имаа минимален број на настапи да им се исплати парична помош, две минимални плати од 21.776 денари. За Фокус, тој даде изјава дека не ја прифаќа оваа помош:




„По 34 години на естрадата, по повеќе од три децении пеење, што треба да направам, дали треба да менувам професија?

Да бев на почеток на кариера, никогаш не ќе вложев толку пари во музиката, за да можат сите да уживаат, туку ќе отворев фабрика. Тоа многумина го направија, па дури и по 1.000 луѓе им работат за минималец.




Мислам дека тогаш дури и ќе бев многу повеќе ценет, отколку сега, по сите овие хуманитарни дејствија кои ги имав 34 години наназад, можеби и над 5.000 настапи за некого или за нешто.

Ние ќе преживееме, и ќе живееме уште многу подолго од политичарите, од нивните внуци и правнуци преку тоа што сме го создале сами, без помош од државата, а истата јас сум ја претставувал низ стотици земји и отворања на македонски културни центри.

Но, парите се за туѓи, странски пејачи, а ние сме за хуманитарни настапи.




Сето тоа многу бргу го заборави овој народ за кого сме правеле песни и вложувале многу, многу пари, за да не направат невредни!

Од кога прочитав што мисли дел од народот за нас, пејачите и музичарите, повеќе нема никој да поздравам, па уште не дај Боже некој од нив да ме фати за рака!

Нас не оставија без работа, иако ние немаме врска со негово ширење. Ако се прашувам јас, треба за финансискиот дел во земјава да се преземат законите од Норвешка или Шведска, каде пратениците ќе земаат иста плата како наставниците.




Да им се укинат сите бенефиции кои си ги изгласаа и се заштитија како ретки егзотични животни.

Да им се укинат сите бенефиции кои си ги изгласаа и се заштитија како ретки егзотични животни!

Да одат од Владата на работа со велосипед, а не со стотици возила и со обезбедување, да се лекуваат комплекси и да се покажува уште и сила врз нас, слободоумните луѓе!“, објасни Петрески.

Наум откако мерките олабавија, почна да објавува и инфорамации за своите нови настапи. На пример, на 9 јули тој ќе пее заедно со неговата сопруга Зуица, во Куќа на уметноста, а на 10 јули го чека уште едне убав настан.

Конецртот на 10 јули е со наслов „За многу години Македонци“, и ќе се одржи во Куршумли Ан. Наум таму ќе пее со Синтезис, Виолета Томовска и повторно со неговата сопруга Зуица.

Претходна статијаТијана конечно откри со кој најубав маж е на летување (ФОТО)
Следна статијаРаботи ли нешто оваа девојка: Анастасија Ражњатовиќ пак на одмор (ФОТО)