Работи ли нешто оваа девојка: Анастасија Ражњатовиќ пак на одмор (ФОТО)

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ од ден на ден покажува колку ужива во чувањето на внукот од нејзиниот брат Вељко, малиот Жељко.




Анастасија Ражнатовиќ во емисијата „Сценарио“ на курир.рс проговори за детали од приватниот живот кои не се толку познати на јавноста:

„Имав доста следбеници и пред да започнам да се занимавам со музика, кога се снимав со пријателите. Малку се занимавав и со манекенство“, вели Анастасија.




„Не сакам да зборувам за љубовта бидејќи момчето не ми е од јавен свет. Многу сум емотивна, нема филм на кој не плачев. Секогаш кога ќе видам трагична сцена очите ми се полни со солзи“, раскажува Ражнатовиќ.




Анастасија Ражнатовиќ откри што бара од нејзините соработници, па зборуваше за одлуката да паузира во објавувањето песни.

–Луѓето често ме прашуваат зошто не објавувам нови песни, едноставно не брзам со тие работи. Секоја песна што ќе ја објавам мора да биде нешто што ќе ми се допадне максимално, сто проценти – рече таа на почетокот.




–Не сакам да објавам нешто чисто за да бидам актуелна, присутна, за нешто да се случи, сакам да сум сигурна и да ми се допаѓа. Одам полека, го подготвувам материјалот и ќе објавам нова песна следната година – рече Анастасија, а потоа откри што бара секогаш од своите соработници.




–Ги замолувам моите соработници да ми го следат мојот стил, што мислат дека ќе ми одговара, да ми испраќаат такви песни, а досега сум имала среќа, некои луѓе знаат да го видат тоа што ми се допаѓа.




Нема правила, можам да ја сакам најтажната балада, и може да биде побрза песна, текстот ја има најважната улога во сето тоа – изјави Ражнатовиќ во емисијата „Ексклузив“.




Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ признава дека ги обожава социјалните мрежи и дека ја „принудила“ нејзината мајка се почесто да се огласува.

„Да, користам фотошоп. Но, не го менувам личниот опис и кога некој ќе ме види во живо да не може да ме препознае. Мислам дека сите користат фотошоп, а оној кој вели дека не го користи, тој лаже.

Анастасија прво беше на одмор во Дубаи, па потоа на Малдивите и праша: Дали јас сум од ракот и секој ден објавуваше слики од таму.




Таа сега е пак на одмор, но овој пат убавицата ја избра туркста ривијера. Пејачката објави слика во костим за капење и многумиона се прашаа:

Дали оваа девојка нешто работи или само одмара?

Претходна статијаИм тргна во животот на Наум Петрески и на Зуица, аирлија нека е (ФОТО)
Следна статијаГерманија размислува наскоро да ги укине сите мерки – клучниот министер кажа кога би можело да се случи тоа