Гледаат на секој чекор да те „закрпат“ – туристка разочарана од она што и го направиле во Саранда

0

За разлика од минатото лето, кога поради добро познатите причини речиси и да пропадна туристичката сезона, оваа година ситуацијата е поинаква. Во повеќето земји може да се оди на одмор, со негативен тест или доказ за имунизација.




Во Албанија пак, исто како лани, не е потребно ништо за да се влезе во земјата, па многу туристи од Македонија, но и од Србија и останатите Балкански земји, одлучија таму да го поминат летувањето.




Летово албанското летувалиште Саранда е меѓу првите избори на македонските туристи, меѓу другото, и затоа што не се потребни посебни документи за влез во Албанија поради пандемијата.




Друга причина се прифатливите цени. Во споредба со останатите дестинации во регионот, Саранда нуди и цени прифатливи за сечиј џеб. Комплет од две лежалки и чадор ќе ве чинат околу 10 евра.




За ручек во некој бар за брза храна ќе треба да одвоите 5 евра за две лица, додека оброк во ресторан ќе ве чини околу 15 евра. Шише вода чини половина евро, газиран пијалак едно евро, а пивото, зависно дали е домашно или увозно, од 1-2 евра. Цените во супермаркетите се речиси исти како и повеќето цени на намирници кај нас.




Но има и негативни одгласи. Неодамна за нашиот портал, читателка раскажуваше како во два различни дена, и наплатиле различна цена за еден ист производ:

-Ми се чини како да гледаат на секој можен начин да те „закрпат“! Купувам три исти производи во два различни денови и ими ги наплаќаат со поинаква цена. Па во маркетите не ни има цени на производите. Стигаш на каса и се изненадуваш…




Српска државјанка пак, го сподели своето искуство со поправка на нејзиниот автомобил

„Нашиот автомобил се расипа и не би навлегувала во детали што точно се случи, но факт е дека сопственикот на сместувањето каде што престојувавме препорача каде би можеме да го поправиме“, наведува таа.




Како што вели, им било објаснето дека замената и поправката ќе чинат 300 евра, 100 евра поскапо отколку кај нас, за што се согласила затоа што и очекувала да биде поскапа за време на летниот распуст.




„Бидејќи мајсторите не зборуваат англиски и не можевме да комуницираме на албански јазик, се согласивме да го поправиме автомобилот во нерегистриран сервис,  препорачан од сопственикот на станот каде што престојувавме, вели жена и додава:




„По пристигнувањето во Србија, нашиот овластен сервисер, ни објасни дека деловите што ги плативме и кои ни ги покажаа по поправката (наводно стари делови) воопшто не биле заменети.

Веројатно дефектот бил незначителен, а тие ни кажаа дека менувале делови, за кои треба да платиме голема сума пари.




Потоа таа стапила во контакт со сопственикот на станот, кој им го препорачал сервисерот, за да провери зошто се измамени.

Секако, не ни очекувавме дека сервисерот ќе признае и го добивме истиот одговор, дека деловите биле сменети.




Бевме воодушевени од Саранда, но за жал сфативме дека во секое жито има плевел“, напиша жената од Србија во туристичка група на социјалните мрежи.

Фото: Илустрација/Јутјуб принтскрин

Претходна статијаАтиџе ги среди забите – Турунџиева објави слика од нејзиниот нов изглед (ФОТО)
Следна статијаЗаев му пружи рака на Шилегов и раскажа што тој направил и прави за Скопје