Борче „Донирај компјутер“ прозборе за своето здравје и за она од што се плаши (ФОТО)

0

Кај неговите кавадарчани и кај Фејсбук пријателите е познат по оригиналниот хумор и по искреноста на социјалните мрежи, а пошироко како човекот кој поправа стари компјутери и ги донира на ранливите категории.




Борче Стаменов е пример за хуманост, особено во време на пандемијата. Во овој период, кога децата учат онјалн, тој секој свој слободен момент го посветува на тоа да поправи стар компјутер или лаптоп и да го подари на оние кои не можат да си дозволат да си купат, објави Женски магазин за овој херој.




Акцијата на Борче наречена „Донирај компјутер“ започнала сосема случајно, во 2016 година. „Идејата дојде од таму што ние како фирма за изработка на книговодствен софтвер, честопати имаме клиенти кои својата опрема ја менуваат преку набавки од кај нас. Компјутерите кои ги менуваат по отпишување ги оставаат овде.




Токму тие компјутери беа и првите десетина или дваесет кои се дадоа на почетокот. Мотивот беше да се помогне на нашите граѓани кои не можат да си дозволат да купат нов компјутер“, ја започна Борче својата приказна.

Ја сум инаетчија по природа. Кај мене ‘не можам’ или ‘тешко ми е’ не постојат. Ако досега сум замислил нешто, тоа и сум го остварил. Така беше случајот и со „Донирај компјутер“. Има доста работа.




Комуникација со донатори, комуникација со баратели на донација, пакување, распакување, поправање, инсталиции, праќање на донациите со карго, селекција на отпад… И нормално морав цело ова да го вклопам со работните обврски кои ги имам на работа и не смеам да ги запоставам или ставам во втор план.




Но, целта која акцијава ја има не ми дава да се изморам. Со добро планирање, добар распоред и огромната желба да се помогне успеав сè да ставам ‘под конец’ и цела оваа авантура да тече беспрекорно добро“, рече Борче за Точка.

Останатото е историја. Лека полека, тој стаса до 900 донирани компјутери и цела Македонија се гордее со него. Борче на Фејсбук јавно го искажува своето мислење за систојбите во нашеро општество, а така направи и неодамна.




Стварно не ми е јасно шо лично Вам ви пречи шо некој носи маска кога е сам во автомобил или шета по улица или слично? Неколку можни сценарија: – Можеби изгубил мајка. Можеби изгубил татко. Можеби изгубил сопруг/а.




– Можеби изгубил дете. Можеби е хипохондрик и се плаши и од најмал настин. Можеби страда од состојба каде здравјето може опасно да му се наруши и од најмала инфекција. Можеби е едноставно претпазлив/а.

– Можеби има постара мајка чие здравје не е како што било порано и сака да ја заштити. Можеби има постар татко чие здравје не е како што било порано и сака да го заштити. Можеби има сопруг/а чие здравје не е како што било порано.




– Можеби има дете кое сака да го заштити. Можеби од дома трга сам, но попат делат трошоци со повеќе колеги.

Еве ви и еден личен пример. Ја не бев отсекогаш плашлив од болести. Ја немав отсекогаш фо-бија од промена на надморска висина (неам читано дали постои ама јас ја имам).




Ја немав отсекогаш фобија од лекарства. Иам читано, буквално, шо може да ми се случи ако се напијам аналгин. Сето тоа го добив после операцијата шо ја имав пред 18 години.

Ете од таму ми е тригерот да бидам претпазлив. Постоеле овакви личности и пред ковидов, ќе постојат и после него.




Не се тие луѓе овци кои лесно се контролираат. Ниту вие сте нешто посебно паметни и разбудени во “Матриксот”. Секој си води негова борба, тоа ми е муабетот.“

Претходна статијаЗафирчев за своите верувања: Во моментов се случува раздвојување на световите
Следна статијаХарис Џиновиќ без капа, исплива стара фотка на која е непрепознатлив (ФОТО)