Бојана Скендеровски откри каква е по дома и како реагира на хејтерите: Перам, чистам, готвам…

0

Нашата позната пејачка и водителка Бојана Скендеровски се присети на своите први настапи на естрадата и раскажа некои работи што не ги знаеме за неа.

-Еуфоријата околу македонската музика, која беше многу популарна, и се слушаше во големи количини, деца кои трчаат по автограми, полни сали дури и на генералните проби.Таа енергија, денес ја нема, малата застапеност на македонската музика по медиумите, си го зема данокот.

Секое време си има свои идоли, но денес има некоја друга сцена, има друг стил, сè е на социјални мрежи, младите генерации имаат свои артисти кои имаат милионски прегледи по јутјуб, а всушност ги знаат само во кругот на нивната генерација, се слуша музика од надвор. Чудно е“, откри Бојана во Женски магазин.

По подолга пауза од музичката сцена, поп пејачката и ТВ водителка Бојана Скендеровски се врати на естрадата со песната ,,Круна”.

Бојана е мајка на Искра и Ѓорѓи, кои се појавуваат во спотот за новата песна, а за кои раскажува дека се нејзината круна, која со гордост ја носи.

Бојана за Фокус рече дека долго време се подготвувала за враќањето и внимателно избирала песна која најдобро ќе го отслика нејзиниот живот сега, кога се оствари како мајка и е веќе зрела жена, посветена на семејството и истовремено на семејниот бизнис, продукцијата ,,Скендеровски”.

Со две деца, кои се на возраст од три и еднаипол година, со секојдневната грижа за нив и за домот, и со обврските во продукцијата, таа сепак вели дека во природата на жените е да можат да се изборат со се, да бидат успешни на повеќе полиња и да се справат со секој животен предизвик.

-Јас во душа сум феминист, секогаш се борам за правата на жената.

Дали е лесно да се биде жена, мајка, сопруга, да се гради кариера, да се внимава за се што е потребно во домот, да се изгледа добро, да се заработува?

Воопшто не е лесно, но, како што минува времето, листата на работи кои се очекуваат од денешната жена постојано се надополнува.

Мојот став секогаш бил дека е многу погрешно сфаќањето дека жената е само за во домот. Колку е тоа погрешно се гледа редовно, со успесите кои жените ги постигнуваат на сите полиња.

Би рекла, овој 21-ви век ни донесе многу барања и предизвици кои секоја жена, со тешка организација успешно ги остварува – за ,,Фокус” раскажа Бојана.

Таа е убава и средена жена, а своите промени во изгледот што не секогаш со добрина ги прифаќаат луѓето на социјалните мрежи, таа ги искоментира во истото интервју.

-Јас не можам да изгледам исто 19 години, од прв момент кога сум се појавила, сите ние се менуваме, и тоа е природен процес, созреваме, истражуваме, се наоѓаме во нешто. Јавната сцена бара трансформации кои се сосема нормални во оваа работа.

Коментари неможат да ме повредат ако не се од мои блиски луѓе, но постојат луѓе на кои Фејсбук коментирање им е дневна рутина за забава, па можеби некогаш своите проблеми ги решаваат со коментирање беспотребно, навредувачки кон било кој што го објавиле на некој портал.

Генерално треба да намалиме како народ со аг рес -ијата, и негативната енергија по социјалните мрежи.

Да, ние сме јавни личности, и ок е да имате свое мислење, да не ви се допаѓа некој, но ние јавните личности не сме боксерска вреќа, па кој како сака да мава кога не му е денот“, рече и искоментира каква домаќинка е.

-Домаќинка, како и секоја друга, перам, чистам, готвам, собирам играчки. Дома сум мајка, сопруга, и уживам во тоа, тука се исклучувам од сè што носи јавниот живот.

Претходна статијаСања од „Брза кујна“ откри која водителка ќе ја гледаме од есен, неа или Александра?
Следна статијаБојана Родиќ изгледа топ во седмиот месец од бременоста (ФОТО)