Сања од „Брза кујна“ откри која водителка ќе ја гледаме од есен, неа или Александра?

0

Сања Савевска, водителката на Брза кујна која за кратко време им стана многу мила на гледачите на Сител ТВ, во една прилика изјави како според неа треба да изгледа еден водител на ТВ.

Според Сања, Тв водителот треба да биде секогаш за се добро информиран, да умее убаво да говори, да има правилен изговор на зборовите и да чита многу.

Луѓето сметаат дека за оваа работа е потребен само добар изглед и имиџ, па посегнуваат кон покривање на недостатоците. Затоа, на крајот сите се слични едни на други, со л оша дикција и недоволно подготвени за интервјуата.

Уникатноста и природниот изглед, шармот, харизмата и знаењето ги покриваат сите недостатоци“, изјави Сања претходно за „Точка“.

Сања е во врска со Томи, кој е вљубеник во мотори, а таа вели дека е девојка која никогаш не би се качила на мотор. Сања во интервју за Женски магазин реаскажа како го запозналасвојот дечко.

– Сосема случајно се запознавме, на една прослава, па пополека , иако различни сфативме дека сме еден за друг, и токму неговата упорност како карактерна особина ме привлече. Му се воодушевувам на енергијата што ја има , и што не отстапува од своите цели колку и да тоа значи жртва и отстапки од многу нешта.

Се знае сосема доволно, повеќе и не сакам да откривам, тогаш не би бил приватен живот. Заедно функционираме неколку години,и двајцата сме си поддршка во работата.

Томи е спец.неврохирург и има многу потешка работа од мојата и премногу одговорна , и мојата работа исто бара долго отсуство од дома, но секое слободно време сме заедно и ги правиме работите што не опуштаат, возење со мотор и долги прошетки со Маша“, рече Сања.

Водителката на својот Фејсбук профил објави емотивен статус како знак на благодарност кон сите што ја поддржуваат откако стана водителка на познатото кулинарско шоу. Сања исто така кажа дека не ѝ пречат критиките упатени на нејзина сметка.

-Безброј пораки, безброј коментари и нормално по некоја критика, но сето тоа за мене голема радост и поддршка. Ви благодарам на сите што во овој изминат, но и краток период ме прифативте како домаќинка во вашето омилено кулинарско шоу, Брза Кујна.

Сето тоа ми ја задржува насмевката и ме прави вистински среќна што пред нас имаме уште многу моменти да ги поминеме заедно во најзабавните кујни во Македонија“, објави Сања.

Таа во истото интервју откри уште една новост, всушност ја разоткри дилемата на гледачите дали таа или Александра ќе ги гледаме во следната сезона на ова шоу.

-Наскоро започнуваат снимањата за новата , 7ма сезона. Можам да најавам дека ќе има новитети и во оваа сезона, но јас останувам водителка на најдоброто кулинарско шоу .

Навистина сум благодарна што гледачите за кратко време ме прифатија . Шеф Марк и шеф Никола имаат една домаќинка, и сум пресреќна што тоа сум јас.“, рече Сања.

Претходна статијаТурунџиева во тандем со Цули Софијанова, направија убава работа (ФОТО)
Следна статијаБојана Скендеровски откри каква е по дома и како реагира на хејтерите: Перам, чистам, готвам…