За ни едни пари нема да помислиме на кршење на мерките: Музичари ја напуштија свадбата зашто сватовите им барале да свират внатре

0

Угостителите се среќни, како и музичарите кои свиреа по свадби, по ресторани и по клубови, откако се олабавија мерките кои во изминативе 15 месеци ги наметна пандемијата.

Целосно се укина полицискиот час, угостителските објекти нема да имаат ограничување во работното време, свадбите ќе може да се организираат со повеќе од 100 гости, а дозволени се настани, концерти и забави во клубовите и локали само на отворено, со капацитет до максимум 50 отсто од објектот и не повеќе од 1000 лица.

Една од препораките е и измена и дополна на Протоколот за организирање свадби, прослави и веселби, на која угостителите посебно ѝ се радуваат.

Угостителите кои имаат затворени објекти за организирање веселби, очекуваат и на нив да им се дозволи да работат.

No, nесекојдневен настан се случил изминатиот викенд во угостителски локал во Скопје, кога музичката група ,,Скопски боеми” одбила да настапи на свадбена веселба, бидејќи по пристигнувањето сфатиле дека сватовите сакаат да ги прекршат мерките за заштита од вирусот, објави Фокус.

Имено, бидејќи временските услови не биле најпогодни, кога музичарите пристигнале во локалот, каде според протокол било договорено да настапат на отворено, им било кажано дека младенците бараат забавата да се одржи внатре, во затворен простор.

По тој повод, изјава за Фокус дал Горјан Стојановски, кој е член на оваа музичка група. Горјан е инаку и претседател на Здружението на естрадни уметници, кое изминативе месеци се бореше музичарите да им се вратат на настапите.

Всушност, младенците сакале музичарите да свират внатре, а не надвор како што налагаат протоколите, а музчарите не сакале да се доведат во ризик, ниту нив ниту гостите и да да ги прекршат правилата.

-Времето не беше добро, но тоа не значи дека некој има право да си игра со протоколите и да го доведува здравјето и животот на останатите во прашање. Веднаш, без двоумење им кажавме на младенците дека нема да настапуваме внатре, во затворен простор.

Не само поради можноста да дојде инспекција и да бидеме казнети, туку и поради тоа што сакаме да си го сочуваме чист образот.Настана незгодна ситуација, имаше обиди за преговарање, но ние бевме категорични.

Се разочараа младеницте и сватовите, но ова е време кога сите мора да покажеме високо ниво на свест. Доволно страдаше целата музичка фела поради забраната за настапи, никој не смее да си дозволи, за никакви пари да помисли на кршење на мерки.

Се надевам дека нашиот гест ќе им биде поука на сите колеги – појаснува Стојановски за Фокус.

– Не знам уште колку време ќе им биде потребно на многу колеги да ја надминат кризата, бидејќи долг период не заработуваа и се снаоѓаа кој како знае и умее. Не смее да се прокоцка оваа шанса со несериозно однесување.

Но, сведоци сме и дека сега, кога се дозволија забавите и настапите, веднаш започнаа да ни доаѓаат и да ни се најавуваат гости од соседството. Тоа е нешто кое мора да се регулира најбргу што може“, додал музичарот.

Претходна статијаЛила како во Холивуд, си има приватен шофер, а од фустанчето кое го облече глава боли (ФОТО)
Следна статијаАна Николиќ уловена, еве како навистина изгледа нејзиното тело без фотошоп (ФОТО)