Ана Николиќ уловена, еве како навистина изгледа нејзиното тело без фотошоп (ФОТО)

0

Пејачката Ана Николиќ најпрво била во незнаење поради болеста која ги напаѓа сите во светот, но подоцна изјави дека сè ѝ станало појасно, како да се разбудила од лош сон.

Ана ги почитува сите прописи, се труди да го заштити како своето, така и здравјето на другите, но не и се допаѓа тоа што поедини граѓани во Србија, ова со вирусот сè уште го немаат сфатено сериозно, особено сериозноста на ситуацијата во која се наоѓаме.

“Јас прво мислев дека овој вирус е некоја мала шега, но не е баш така – многу брзо се шири, а како што се чини, немаме доволен капацитет за лекување. Можеби вирусот не е толку смртоносен, но ние ги немаме потребните капацитети. Ако започне да се шири со брзина со која се шири и во другите земји….

Сведоци сме што се случува во земјите околу нас, кои целосно неподготвени го дочекаа сето тоа.

Затоа, многу е важно да останеме дома – порачува Ана, која им се восхитува на нашите лекари кои деноноќно работат и се грижат за заразените.

Потребно е многу емпатија, да се работи со пациентите кои се позитивни на вирусот, а притоа со 99% можност од заразување, но тоа е нивната работа…

Секоја вечер во осум излегувам на тераса и им аплаудирам откако започна сево ова да се случува. Првите денови во нашата улица тоа беше сосем нечујно, но сега сме гласни и громогласни.

Она што мораме да го направиме за тие исти медицинари е да останеме дома. Јас не знам дали нашите луѓе имаат свест за тоа, но мислам дена немаат баш…

Можеби последните денови почнаа да сфаќаат дека тоа е единствениот начин да опстанеме, бидејќи ситуацијата не е нималку наивна.

Ако нешто можеме да направиме за нив е да останеме дома и да не се однесуваме несовесно. Ова нема никаква врска со политика, ниту со било што друго – ова е работа на социјална и лична одговорност, кон сенеси, кон својата земја и нашиот народ – рекла пејачката во емисијата “Ексклузивно”.

Не одам нигде…вежбам дома…Ова не е ниту летен распуст, ниту пазар, туку е пандемија! Луѓе дај приберете се! Ете, ако можам да влијаам врз сто луѓе за да останат дома, јас тоа ќе го направам“, рекла Ана.

Ана Николиќ на социјалните мрежи често ја покажува својата извајана фигура, која по долга борба со прекумерна тежина, ја стекна благодарение на опера-цијата за намалување на желудникот.

Можеме да кажеме дека таа е навикната и на тренинзи, а тимот на „Лов на Папарацо“ ја снимаше на Кошутњак додека работи напорно за да ја подобри својата фигура.

Ана одеше на секојдневен тренинг со својата ќерка Тара, за која се грижеше дадилката, додека пејачката вежбаше.

А, она што ги привлече сите е како пејачката всушност изгледа без филтри, Фотошоп и којзнае уште колку програми за обработка на фотографии.

Според она што можеше да се види, Ана не е ни близу до совршенството што го покажува на нејзините социјални мрежи, но секако е подобра од она што изгледаше пред сите третмани што ги имаше.

Фото: Видео принтскрин

Претходна статијаЗа ни едни пари нема да помислиме на кршење на мерките: Музичари ја напуштија свадбата зашто сватовите им барале да свират внатре
Следна статијаРиба лови риби: Андријана Јаневска во костим за капење, изгледа топ (ФОТО)