Ване Маркоски откри кој му помогнал кога му било најтешко: Се појави од нигде никаде и ми подаде рака

0

Еден од најпознатите македонски водители, Ване Марковски човекот кој долго време не`забавува и информира пред малите екрани, со неговите емисии кои се од најразлични тематики, есеноска објави дека неговата професионална соработка со Канал 5 телевизија е завршена.

„Поминавме одлични 5 години взаемна соработка, почит и разбирање… Дојде време за промена, а кога душата е „пуштена на најјако“ најлошо е да и противречиш, па затоа превземав чекор со кој ни се разделија патиштата.

Благодарам на Канал 5 за целокупната доверба овој период, доверба која ја оправдав како работник, работник кој секогаш беше во први редови за одбрана на интересите на телевизија и програмата и останува уште цел месец.

Поради сплет на околности, сега за сега останувам без ТВ ангажман, но среќата во душава ми кажува дека го направив чекорот кој ќе ми донесе нова димензија во животот и многу убави моменти.“

Гледачите на утринските програми и на оние емисии во кои познати личности, но и најобични луѓе готвеа, беа разочарани дека повеќе нама да можат да го гледаат омилениот лик, кој им ги тргаше мислите од секојдневието.

Ване Маркоски во едно неодамнешно интервју се потсети на своите почетоци и тоа како влегол во новинарството, па за јавноста откри како изгледало сето тоа.

Искрено, тоа беше многу одамна, пред некаде 15-тина години. Колку што добро ме држи сеќавањето, ќе пробам да се навратам на приказната, малку ќе биде подолга, но е интересна.

Почеток на декември 2002 година и како што листав по TB каналите дома, налетав на еден оглас за водители во локалната телевизија „Кисс“ од Тетово, бидејќи по потекло сум од таму и таму живеат моите родители сеуште.

На тој оглас се бараа млади кретивци за нови емисии. Веднаш се пријавив и по некој ден заминав на аудиција. Носев некои светли фармерки и небесно син дуксер, а надвор растопен снег, вода на секој чекор…

Тргнав пешки, бидејќи немав пари за такси и како што веќе се приближував до просториите на телевизијата, наиде еден камион и ме направи целиот со кал.

Но, влегов таму, ми дадоа да прочитам некои најави, прв пат застанав пред камера во мојот живот и помина се брзо. Не ми се јавија и јас веќе тоа го заборавив се до самиот ден 31 декември, кога заминав да ја скратам косата и во салонот каде бев случајно улета екипа од самата телевизија која нешто снимаше за новата година.

Новинарката ме препозна и ми кажа дека не можеле да ме најдат затоа што не сум оставил број, затоа што сакав брзо да киднам од таму, најверојатно.

Ми соопшти дека сум избран за да бидам дел од нивниот тим. И така од сосем случајна средба, тој ден, мене ми се промени животот. Можеби да не се случеше тоа, денеска ќе работев нешто друго. Веќе следниот месец од новата година почнаа емисии, проекти и.т.н.

Потоа, популарниот водител, на родост на своите многубројни фанови, го објави својот нов професионален ангажман. Тоа е Македонската радио телевизија:

„Од понеделник … за нови дружби, креирање и љубов Се гледаме на МТВ 1“, напиша Ване Маркоски на својот профил на социјалните мрежи.

Денес, Ване Маркоски обзнани кој му помогнал и му подал рака кога му било најтешко. Тоа е неговата колешка Вики Ристоска, која го работи проектот „Приказна“, во кој се разработуваат социјални теми:

„Колку е само денес реткост да најдеш пријател кој ќе ти подаде рака кога ти е потребно. Од нигде-никаде. Чест ми е што те познавам, сега и што соработуваме, што имам можност да учам како треба од голем човек и голем професионалец.

Да си ми жива и здрава Вики Ристоска. Среќен роденден ти посакувам и само убавини, затоа што заслужуваш многу!

Среќен роденден на Вики и од редакцијата на Галама.

Претходна статијаВе вреѓа кога ве викаат татари, а нас не навредува кога не викате бугари: Познатиот музичар ги прозва соседите (ФОТО)
Следна статијаМинистерот Османи со одлична вест: Од 1. Јули во овие земји ќе телефонираме како да сме дома