Министерот Османи со одлична вест: Од 1. Јули во овие земји ќе телефонираме како да сме дома

0

Еден од најголемите проблеми со кои се соочуваа македонските граѓани во дијаспората во изминатите петнаесеттина пандемиски месеци, беше продолжувањето на патните исправи.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, пред неколку денови, објави статус во кој информираше дека е донесена одлука за продолжување на трајноста на патните исправи:

„Одлична вест за нашите граѓани во странство. Собранието на Република Северна Македонија тукушто ги помина измените и дополнувањата на законот за патни исправи на државјаните на Република Северна Македонија,

со кои на оние граѓани кои им е истечена патната исправа, или истекува после 31 јули, се продолжува рокот на важење на овие документи до 31 декември 2021..

Со тоа конечно им се излезе во пресрет на потребите на голем број наши граѓаните кои поради пандемијата, рестриктивните мерки, карантините, и другите отежнати услови, беа спречени навремено да ги продолжат своите документи..

Продолжуваме понатаму и со проектот за е-конзулат, со мобилни базни станици, со кои наскоро целосно и долгорочно ќе го затвориме прашањето за издавање патни исправи во странство.“
Османи синоќа проговори и за ЕУ перспективите на нашата земја:

-Во однос на критериумите земјите членки се стриктни и најголемите пријатели на државата во делот на владеењето на правото, реформите тие ќе бидат стриктни. Како што знаат Холанѓаните често да кажат – Стриктни, но фер и ние тоа го сакаме, сакаме засилен мониторинг кој ни помага тука да ги направиме реформите.

Нас ни пречат прашања кои што немаат поврзаност со европскиот процес, инаку ако беше до исполнување на реформи, Копенхашки критериуми, политички, економски, и доколку не сме ги исполниле условите тоа е прашање на посветеност, со кое ќе се соочиме во текот на преговорите.

Тоа што сметаме дека не е фер кон нашето досие е што прашања неповрзани со ЕУ нас ни се пречка веќе 16 години но нема алтернатива на тој пат. Но, интересот да следните генерации бидат во ЕУ е многу поголем од фрустрациите кои ги чувстува оваа генерација во текот на пристапувањето, истакна Османи.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на својот Фејсбук профил пред малку, објави дека роамингот од Македонија, почнувајќи од 1ви јули нема да важи за Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

„Од 1 јули БЕЗ РОАМИНГ со Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора!“

Претходна статијаВане Маркоски откри кој му помогнал кога му било најтешко: Се појави од нигде никаде и ми подаде рака
Следна статијаГо урнаа најкултното место во Охрид – сега ќе си постелваме пешкирчиња на камчињата