Црна Гора широко се отвори – укинати речиси сите мерки, но туристите да внимаваат – за влез во ноќен клуб се бара негативен тест или имунизираност

0

Вчера Грчките власти, а денес и Црногорските, објавија олеснување на мерките со цел привлекување на што поголем број туристи и спасување на туристичката сезона, бидејќи годишноодморците од Македонија и Србија се помасовно одат во Албанија, каде од поодамна се укинати речиси сите мерки.

На завчерашната прес-конференција, како што објави грчката веб-страница за цивилна заштита, заменик-министерот за цивилна заштита, Никос Хардалиас, рече:

– Подобрувањето на епидемиолошките податоци, во комбинација со тековната програма за вакцинација, ни овозможува да продолжиме да ги укинуваме ограничувачките мерки за рестартирање на други активности..

Тој исто така додаде дека едногласната одлука на Комитетот, која се состана вчера, е следна:

– Што се однесува до општите правила за влез во земјата, да им се дозволи влез со негативен брз (антигенски) тест од земјите на зелената листа на ЕУ,

до 12-годишна возраст, можат да влезат во земјата без потреба од тест, доколку доаѓаат од земји кои се на оваа листа. Во Грција другите документи остануваат валидни како и досега.

Вакцинираните лица доставуваат потврда за примање на две дози вакцина, издадена од официјални државни институции, под услов втората доза на вакцина против коронавирус да се прими најмалку 14 дена пред поаѓањето.

Втората опција е негативен тест за PCR не постар од 72 часа и третата, потврда на инфекција од минатото, на возраст од 2 до 9 месеци од датумот на патување.

Сега, на сето тоа е додадена можноста за преминување на границата со негативен тест за антиген, што е трипати поевтино од PCR-тестот.Фајзер, АстраЗенека, Синофарм и Спутник се признаени вакцини во Грција.

-Почнувајќи од 21 јуни, во 6 часот наутро по локално време, граѓаните на земјите од зелената листа на ЕУ, во која е и С.Македонија ќе можат да влезат во Грција со негативен тест за антиген, соопштија грчките власти.

Поради обрската за ПЦР тест, кој е скап и го оптеретува домашниот буџет, многу Македонци се решаваа одморото да го поминат во Албанија.

Сега, од 21 јуни, ќе имаат можност да одат на одмор на омилените плажи во Грција.

Црногорскиот совет за корона вирусот одлучи да ги укине скоро сите епидемиолошки мерки во земјата од денеска, откако Црна Гора забележа најмал број нови случаи од јули 2020 година.

Просечниот број на нови инфекции минатата недела беше 18, додека вкупниот број на активни случаи со коронавирус 380.

„Четиринаесетдневната кумулативна инциденца е 53,86 и е најниска од септември 2020 година. Според овој индикатор на болеста, Црна Гора е подобра од туристичките земји Шпанија, Кипар, Грција и Турција“, рече Игор Галиќ, директор на Црногорскиот институт за јавност здравје.

Тој, исто така, посочи дека прва доза вакцинира примиле 30 проценти од возрасната популација на Црна Гора, додека четвртина од возрасната популација во земјата е целосно имунизирана.

Од денеска сите угостителски објекти можат да работат без работно време, додека до сега им беше дозволено да работат до полноќ. Дозволена е и работата на ноќните клубови, но влез е дозволен со негативен тест за коронавирус или потврда за вакцинација. Истите правила важат за казината на кои повторно им е дозволено неограничено работно време.

Претходна статијаНишто не е завршено: Проф. Трајковски проговори за Делта сојот
Следна статијаПејачот Панчо го прозва Венко Филипче: Законот треба да е еднаков за сите – реагирајте дури е време