Пејачот Панчо го прозва Венко Филипче: Законот треба да е еднаков за сите – реагирајте дури е време

0

Состојбата со вирусот кај нас, како и во поголемиот дел од Европа е невообичаено смирена, а случаите на нови позитивни се спорадични.

Ова денес е дури подобро и од минатата година ова време, кога вирусот беше на својот почеток.

Но, искуството кажува дека не смееме да се опуштиме, бидејќи во изминатите петнаесеттина месеци бевме сведоци на неколлку брана. На ова предупреди и познатиот битолски професор Трајковски, кој во својот последен статус вчера, меѓудругото рече:

„…во Велика Британија Делта сојот веќе доминира со околу 90% меѓу сите соеви, а во Русија и Португалија исто така е доминантен и интензивно се шири.

Летото е време на интензивни патувања и лежерно однесување, поради што ќе треба да се вложи дополнителен напор и внимание за да го избегнеме внесувањето на овој опасен и брзоширечки сој во земјата.

Колку и да изгледа безгрижно моменталната состојба, за кратко време може да се претвори во кош мар, со оглед на малата стапка на вакцинираност на населението.

Масовните собири, ноќните клубови и свадбите, можат само да долеат бензин на о гнот после првата искра.“

Со слично размислување и апел до надлежните е и познатиот пејач Владимир Блажев Панчо од ДНК, кој гледајќи што се случува на терен, апелира до надлежните:

„Вака сега да ви кажам нешто, а кој како сака нека го сфати од газдите на дискотеки , клубови и локали.

Ние артистите бевме долго време затворени, а исто и вие и со причина нормално. Сега кога не пуштија да работиме после 10месеци,

кога ни/ви дадоа некој понормални протоколи со оглед на состојбата во која се наоѓа цел свет, дел од газдите на клубовите и локалите се однесувате без грам почит кон донесените мерки.

Но пред се и кон оние кои најодговорно се продржуваат и ги спроведуваат протоколите, а со тоа ги загрозувате вашите колеги но и сите нас артисти кои живееме и егзистираме од ова.

После пак ќе ни/ви бидат криви Венко и компанија. Не бе другари сами сме/сте криви и немојте после да кукате ко ќе не/ве затворат за 2-3 недели од сега.

Јавен апел од мене до Венко Филипче и комисија за заразни да реагираат многу поригорозно кај сите оние кои ги прекршуваат дадените протоколи бидејќи поразот ќе биде заеднички.

И на крај не сме сите криви нит ќе бидеме, санкционирајте ги оние кои идат против закинит кои треба да е ЕДНАКОВ за сите без оглед на се!!!“

Претходна статијаЦрна Гора широко се отвори – укинати речиси сите мерки, но туристите да внимаваат – за влез во ноќен клуб се бара негативен тест или имунизираност
Следна статијаЗехра лежела на болница и немало надеж, но таа на лекарите им рекла: нема да ме видите веќе тука