Цела Македониjа и цела Европа му аплаудира, само неговите го игнорираат (ФОТО)

0

На почетокот на школската година во октомври, во сите продавници за техника беа распродадени сите поефини лаптопи и декстоп компјутери, луѓето ги беа купиле за своите деца да ја следат онлајн наставата.

На залихаа останаа само оние поскапите со подобра конфигурација. За жал, не секое семејство може да си дозволи да има по еен уред за секое дете, а има и такви кои не можат да имаат нуту еден дома, па се снаоѓаат со телефони.

Има еден човек кој од срце, веќе со години усреќува многу семејства во Македонија. Ниту некој тоа му го бара, ниту некој за тоа го плаќа. Неговата хуманост златно вреди, и затоа за многумина, тој е херој на денешницата.

Човекот со златно срце е Борче Стаменов и живее во Кавадарци. Борче кај неговите каварадчани е познат како човек со оригинален и специфичен хумор, а во цела Македонија стана познат како Борче- Донирај компјутер. Од 2016 година до сега, тој има донирано 822 компјутери.

До идејата дошол сосема спонтано, од таму што е фирма за изработка на книговодствен софтвер во која работи, соработуваат со клиенти кои својата опрема ја менуваат преку набавки од фирмата. Компјутерите кои ги менуваат по отпишување ги оставале во фирамата.

Тогаш Борче си рекол – Зошто овие компјутери да се фрлат кога можат да се поправат, да се надоградат и да се подарат? Токму тие компјутери биле и првите десетина или дваесет кои се донирале на почетокот. Мотивот на почеток му бил да им помогне на неговите граѓани кои не можат да си дозволат да купат нов компјутер.

Обично за еден компјутер комплет со порправање, замена на дел, инсталација и пакување, Борче троши по околу 2 часа. Понекогаш се случува и од два да направи еден кој ќе биде добар. „Сите се надеваат дека нивната донација ќе отиде на вистинското место.

Вчера на пример имав муабет со еден човек кој има компанија и сака да донира 30 компјутери со монитори. Во пораката напиша дека се информирал дека моите донации одат на вистинско место и дека ќе му биде чест да помогне. Имаат доверба која не е лесно да се стекне. Треба време и многу работа“, изјави Борче за порталот „Види вака“.

„За контакт ја користам фан страната https://www.facebook.com/donirajkompjuter/. Она што јас го барам е доказ дека оној кој ми бара донација е во состојбата во која тврди дека се наоѓа. Сепак, јас не ги познавам сите и едноставно не можам да верувам на збор.

Такви потрврди може да бидат потврда за невработеност, потврда за самохран родител, родители на дечиња со посебни потреби и слично. Сè додека не добијам потврда, не испраќам донација. Секој кој ми пратил доказ е запишан во список и е на листа на чекање.

По добивање на донации, ги средувам, контактирам со лицето кое ми дава податоци за карго и ги испраќам. Доставата е на нивна сметка и не поминува повеќе од 150 денари“, рече Стаменов за Женски магазин.

Тој е многу емотивен човек и го допираат сите пораки за благодарност, и токму поради тоа вели дека не може да контактира со сите на кои донирал, полесно му е донациите да бидат испратени.

Донациите доаѓаат од обични луѓе, но и од фирми. „Ги поправа и средува исто така обичен човек. И завршуваат кај обични луѓе.

Тоа сме ние, правиме работи за луѓе кои не нѐ познаваат и кои не ги познаваме“, додава Борче кој за време на пандемијата работи со продолжено раборно време, понекогаш и по цели ноќи. Секоја чест!

Стаменов во стаус на социјалните мрежи пред извесно време, е и зачуден од односот на некои луѓе кои коментираат и „плукаат“ по сите што нешто прават, организираат хуманитарни донации или на било кој начин се експонирани во јавноста:

„Не ми се јасни критиките кон Денис Јанкуловски а.к.а космонаутко. Ниту оние насочени кон Ненад Лазаров. Ниту тие насочени кон мене и други слични на нас.

Денис пее повеќе од една година и на луѓето им влева некоја позитивна енегрија и е професионалец во својата работа.

Знам, сме се виделе 2-3 пати. Ненад дава корисни совети поврзани со здравјето на луѓето и има иницијатива каде собира витамини и ги доставува на луѓето на кои им требаат.

Во време на пандемија (измислена таа или не според некои ФБ експерти) правеа и заштитна опрема за медицинските лица. Ненад е исто така и еден од ретките онлајн доктори на кои им верувам. Ја го собирав “ѓубрето” од цела држава и од него правев насмевки во форма на срциња.

Во исто време се борев и за почиста и зелена околина. И цело ова го правевме бесплатно. Не напраивме ама баш никаков трошок на државата или лично некому.
Ниту пак фативме некој за врат да не следи во тоа шо работиме. Ниту некогаш сме напишале “споделете”.

Чист граѓански активизам без да се очекува нешто назад. Шо свест владее на овие простори бе? Како станавте толку мрачни? Ве испуштиле како бебе на глава или шо? Реков еднаш и ќе речам пак. Ако знаете и можете подобро, повелете. Ќе ви се тргнеме од патот, одма.

До тогаш, пардон мај френч, може фино лепо да одје-бете или да престанете да не следите. Нема да ви се налутиме.“, напиша Борче.

Во најновата своја објава, тој вели дека има граѓани кои ја злоупотербув-аат неговата добра намера за донации и сакаат да добијат уште еден, но нечесно.

-Ист човек, кој добил компјутер на 03.02.2021, се пријавува од различен профил и платформа. Поради човечност, нема да го објавам името и презимето. Само ќе речам да имате осет дека постојат и други луѓе на светов!“, напиша тој неодамна.

Борче со неговите кавадарчани организирал уште еден убав и хуман гест, изненадување за него млад сограѓанин на кого му било роденден, и му подарил компјутер.

– Како шо рековме, денес во соработка со ЦСР-Кавадарци, славиме роденден на млад човек кој полни 17 години. Затоа и нашата 842ра донација оди токму кај него. Подароците се од мои сограѓани, кавадарчани. Благодарност до сите што ми помогнавте во организацијата на изненадувањето!“, напиша тој на Фејсбук.

Секоја чест и за ова дело, Борче! Денешниот негов статус е уште една искрена приказна. Именио, тој се пофали дека од сите добива поддршка, освен од неговиот роден град, Кавадарци.

-Собираш над 1300 компјутери. Од тиа поправаш и донираш 875. Се сретнујш со амбасадори. Претседатели ти идат на гости. Збираш милион пофалници, благодарници, награди (последната у друштво со гиганти како Алкалоид, Телеком, ЕВН) и сертификати.

Чекат на ред новинари за приказната да а прошират по цела држава, па и надвор од неа. Те спомнуат у светски публикации како иницијатива која сама по себе е некој вид на феномен до сеа незапамтен пошо е сработена од еден човек.

И од медиумите у твојот град добиваш за награда апсолутна петгодишна цензура. Малку така смешничко“, напиша Борче.

Претходна статијаСара Мејс пресреќна: За ова вреди да се живее (ФОТО)
Следна статијаПроф. Трајковски: Лесно може да се случи, во текот на август да се прогласи крај на пандемијата во Македонија