Три часа чекавме за пица на плажа во Охрид, на крај се најадовме салама и мајонез од продавница

0

Уште еден читател на Галама испрати искуство од нашиот бисер Охрид. Деновиве како што вели тој градот бил полн, но и плажите. Тој во Охрид заминал со своето мало синче и со сопругата.

-Отидовме на една плажа, тоа е една од најпознатите плажи на крабрежјето. Си седевме цел ден, си се капевме, и планиравме да ручаме во ресторанчето на плажата.

Ама изгледа дека сме задоцниле, грешка е што во 15 часот сакавме да ручаме. Требало порано да си резервираме место. Најдовме едвај една маса на сенка, и седиме така, го чекаме келнерот да дојде.

Не дојде ни по 15 минути, па отидов до шанкот да го побарам. Му реков: Да нарачеме, дечко. Беше љубезен ама целиот како избезумен. За храна ќе чекате минимум еден саат, саат ипол.

Добро, му реков, додји пијачка да нарачаме, а и храна па ќе си чекаме. „Извинете, сам сум, не можам да ви обрнам внимание. Седнете. Ќе дојдам“, ни рече.

Го гледав пустиот како се мачи сам, а пред шанкот редица од луѓе, сите што не можеле да го дочекаат да дојде на маса, нарачуваа на шанк. И одеше по системот: Нарачај на шанк, плати си ја нарачката, и чекај, кога ќе стаса храната-ќе стаса.

Изгледа дека и во кујна имаше малку вработени, па едвај стигаа кутрите тие. Ѝ викам на жена ми: Ај да си купиме нешто од продавничево што е блиску, па сендвичи да си каснеме. Арно ама, син ми запна, пица па пица.

Нарачавме пица за него, веќе фати 15.30. Помина цел саат, а од пицата ни абер немаше. Дур ја чекавме прегладневме, и на крај жена ми попушти со инаетот и ме послуша, отидовме до продавничето.

Кога таму, снемало леб. Ништо жено, си викам, ќе купиме двопек,па ќе мачкаме на двопек. И си седнавме на трева под сенка, пред продавница, мачкај кечап, мајонез, ставај шунка, кашкавал и јади, снајди се па живеј.

Арно ама, детево не може да гризе двопек, па од каде сега леб да најдеме? Побарав од ресторанот, само леб им реков, за детево, да си купам. Не можело, биле броени за хамбургерите.

Срам не срам, се снајдов, морав. Тоа е камп инаку, па си видов едни луѓе, скаричка си направиле пред приколка, си мезат под сенка, им позавидев.

Им побарав малку леб, им реков: Во продавница нема, во ресторан се чека, за синот, сендвич да му направам. Женава потрча и не само што ми даде леб, туку и од месото стави, алал да ѝ е, и детево слатко ми се најаде.

Си се вративме на плажа, уште едно две капења, а од пицата ни абер нема. И ете ти ја после 3 часа стигна. Ние веќе на лежалка, се отакажавме од чекање на маса.

-Господине пицата, викна детево, келнерчево, веќе пребледено од замор. Нарачавме пица ов 15.30, ја добивме во 18.30. На крај, за дома си ја спакувавме зашто се најадовме од саламата, кашкавалот и мајонезот пред коперација.

Од мака на крај ѝ реков на жена ми: Епа госпоѓо, друг пат храна ќе си носиме на плажа, требало не требало, нек се најде. Без сендвич веќе никогаш не тргам, па ако треба и на плажа ќе ги продавам.“

Обработи: С.П.   Фото: Илустрација

Името и презимето познати на редакцијата. Не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама

Претходна статијаНатали Грубовиќ и сестра ѝ во убаво машко друштво во Србија (ФОТО)
Следна статијаДаниел Кајмакоски по драмата со бившата порачува: Зошто ме издаде ти, можеш ли да не ме лажеш?