Натали Грубовиќ и сестра ѝ во убаво машко друштво во Србија (ФОТО)

0

Наталија Грубовиќ јавноста ја засака под прекарот Натали, кој всушност дојде од Игор Џамбазов, во времето кога заедно водеа Бинго.

Цела Македонија го повторуваше она легендарното „Натали, Дај му на човекот“, што Џамбазов го кажуваше на мошне симпатичен начин.

Натали Грубовиќ важеше за една од најубавите македонки, ангажирана на многу модни ревии и кампањи.

Во последните неколку години се помалку може да се сретне во јавноста или да се прочита нешто за неa.

„Јавноста ме знае како бинго девојка, како лото девојка, а малкумина знаат дека јас сум дипломиран филолог по англиски јазик.

Во меѓувреме завршив Бизнис академија, Кембриџ бизнис студии во Белград, ги завршив постдипломските студии на Економскиот факултет во Скопје“, рече Натали во емисијата „Живот со стил“ со Елена Стефановска.

Познатата манекенка и бинго девојхка, сега специјалист на маркетиг и ПР, веќе седум години живее во Нови Сад, Србија. Натали се омажи за бизнисменот Дејан Глушац. Нивната ќерка , која се вика Натали, по прекраот на мајка ѝ, наполни три години.

„Денот во Нови Сад (ми започнува во раните утрински часови со мојата ќеркичка Натали, спремање на доручек за нас две и потоа го пијам првото утринско кафе во нејзино друштво.

Се’ уште не оди во градинка, па заедно го поминуваме цел ден. Наскоро треба да почне да оди, па ќе можам повеќе да се посветам на професионалните обврски.

Во попладневните часови ни се придружува и маж ми Дрен, па излегуваме заедно и до времето за спиење гледаме да сме што повеќе надвор на воздух и во друштво. Вечерите, пак, се резервирани за маж ми и романтика.

Гледаме некој филм, пиеме чаша вино или се дружиме со пријатели.

Она што најмногу ме мотивира е желбата да бидам добар пример за моето дете и добар родител, професионално и приватно исполнета жена и среќен човек“, раскажа Натали за своето секојдневие за Женски магазин.

Познато е дека Натали има уште една сестра, д-р Радица Грубовиќ – Растворцева, која е раководител на Иститут за трансфузиона медицина во Скопје.

Сестрите често објавуваат заеднички фотографии oд нивните дружења и патувања. Речиси секое лето, тие се во Црна Гора.

Нo, помалку е експонирана нејзината помала сестра Маријa, која во 2018 година беше кај Натали во Нови Сад, за да ја прослават заедно Новата година. Тогаш сестрите објавија заедничка слика.

Трите убавици: Натали, Радица и Марија ретко објавуваат слики заедно, се до денес, кога има посебен повод за тоа.

На Марија ѝ беше роденден, па Натали објави стори со сестра си, и фотографија со двете сестри на кои трите изглеаат прекрасно.

Натали неодамна беше со својата сестра Марија која беше на гости кај неа во Нови Сад. Таа објави стори со сестра си, и на оваа слика на двете убавици, Натали докажа како времето за неа да застанало, таа е иста од времето на Бинго.

Натали и сега сподели стори на Инста како ужива во убаво машко друштво во Белград, пеејќи народни песни, а во видеото е и нејзината сестра Марија, и се гледа дека двете убавици уживаат во убавата забава.

Претходна статијаКој е босанецот Махир, годинешниот победник на Sвезде Гранда
Следна статијаТри часа чекавме за пица на плажа во Охрид, на крај се најадовме салама и мајонез од продавница