Даниел Кајмакоски по драмата со бившата порачува: Зошто ме издаде ти, можеш ли да не ме лажеш?

0

Познатиот пејач Даниел Кајмакоски во последниов период беше подолго време во Србија каде што често настапуваше во разни шоу емисии.

Даниел пред извесно време се врати во Македонија, и тоа во родниот крај, селото Мислешево, блиску до Струга.

Според сторињата што ги објавува, се гледа дека пејачот уживаше во убавиот залез на сонцето.

Даниел објави стори од Охрид, но не е познато дали е дојден работно или на одмор, за да се присети на своето детство покрај езеро.

Кајмакоски во 2015 година, се ожени со Кристина Димитријевска, позната манекенка и Мис Балкан. Но љубовта кратко траеше, па се разведува по три години брак, а на оваа тема Даниел проговори само еднаш и во таа прилика кажа:

Заедно ја донесовме одлуката да се разведеме, зошто знаеме дека тоа е најдобро за нас. Најважно е да бидеме секогаш добри родители на нашето дете.

Комуницираме постојано, одлично се разбираме и функционираме како родители“. Кристина пак, освен што е во модниот свет е и пејачка.

Додека беа во брак, Даниел и Кристина беа едни од најубавите парови на нашата естрада. Тој во една прилика на Инстаграм напиша дека е подготвен за второ дете.

Причината за нивната разделба тие официјално не ја кажаа, но според нивни блиски пријатели и соработници, станува збор за неверство, кое еден од партнерите не можел никако да го прости, па затоа дошло до крај на бракот.

По бурниот период, Даниел изгледа дека се враќа во нормала, па објави стори со слика од студио на кое стои: Да паднеш надолу е несреќа, да останеш долу е избор.

Кајмакоски сега е во Скопје, и објави порака на стори на Инстаграм: Ова е нов ден, ова е нов живот за мене, и се чувствувам добро! ти благодарам Господе!

Тоа е всушност цитат од песната „Feeling Good“ од Мајкл Бубле. Даниел изгледа дека уште е во Македонија и објави слика како ужива на вечера со една од најубавите жени кај нас, а тоа е Миланка Рашиќ.

Даниел и Миланка се добри пријатели и сорработуваат, а тој со оваа слика ѝ посака среќен роденден и напиша: Не барајте вино, испиено е. Среќен роденден!

Но, Даниел објави и пост во кој вели дека Миланка го спасила од многу нешта:

Моја драга пријателка и ПР која ми го спаси животот многу пати .. Многу ѝ благодарам за сè што направи за мене ..

Ти посакувам среќен роденден, ја заслужуваш целата среќа на овој свет .. Кајмакоски има нова песна на српски јазик која се вика Глумам дека сакам. ако внимателно ги слушнете стиховите, таа е всушност автобиографска.

– Кажи ми, зошто ме издаде ти? Можеш ли, на крајот барем да не ме лажеш? Овој ѕид, го дели светот мој на два дела, ти во едниот, јас во другиот.

Овој стих е мојот повик за спас, СОС за љубов за нас. Јас глумам дека сакам, по тебе, зашто се плашам во срцето да го истопам мразот. Јас лажам дека сакам, се лажам себеси“, порачува Кајмакоски во новата песна.

Претходна статијаТри часа чекавме за пица на плажа во Охрид, на крај се најадовме салама и мајонез од продавница
Следна статијаЏеј оставил проштално писмо – еве зошто сè ѝ оставил на едната ќерка, а ништо на другата