Спасе од „Сител“ прво се налути, а потоа упати предупредување! (ФОТО)

0

Спасе Рола Јовановски е познат новинар и презентер на временската пргноза во ТВ Сител, но и тој ѝ е и ПР и добар пријател на Лила Стојановска.

За Лила, Спасе зборуваше пред извесно време во емисијата „Магазин“ на Тв Сител, и раскажа како почнало нивното пријателство.

-Лила сакаше да ме истепа, буквално. Се запознавме пред 15 години, јас работев во тогашен естраден магазин, односно жолт печат, „Свет“. И како најдобар таму, ѝ се јавив на неа, дознав некои информации за неа за некој дечко, била видена таму во некое диско.

Таа реагираше целата разулавена: Кој ти кажа? Потоа му се јави на мојот уредник, да ме т епа сакаше во наводници. Потоа се запознавме, и еве оттогаш, цели 15 години сме заедно.

Лила кога е нервозна…, во принцип таа има голем праг на толеранција. А кога некој ќе ја изнервира, едноставно го трга од нејзиниот живот. Кога е нервозна, само тргни се од неа на некои си 5 минути, а после може пак да се смееме“, рече пријателот за Лила.

За крај Спасе рече: Јас не би ја прашал Лила ништо, туку екслузивно за Сител ќе откријам дека во август не очекува свадба!

На ова Лила се насмевна и искоментира: Па, изглеа некој ме запросил преку Спасе. Слушај, Јелена, свадба без оро и без музика не бива, кога ќе поминат мерките, ве канам сите.

Јас многу сакам свадби, посебно свои“, рече Лила и додаде дека ужива да носи класична венчаница во која се чувствува како принцеза. Спасе во „Убавина и здравје“ откри како му почнува денот и што сака да чита.

Книгата „Клубот 5 наутро“ од Робин Шарма ја купив поради насловот, бидејќи јас станувам во 5 часот за на работа. Откако ќе ја прочитате, ќе сфатите колку треба да ја цените секоја минута и како максимално даго искористувате денот служејќи се со тактики на мудри луѓе.

Од таму научив дека првиот час кога ќе се разбудите, треба да си го посветите само на себе, во тишина, по можност со убаво кафе, чај или вода со лимон“, изјави тој. Неодамна, Спасе на Фејсбук луто порача:

-Се гушкате, бацувате по журки мислиш кивавица поминавме а не КОР -ОНА! Пандемија уште владее!

За две недели од сеа ќе го играме ситното коа ќе не збрцаат пак у карантин“… Тој како лице кое е презентер на метео вестите, на Фејсбук ги препупреди своите пријатели:

-ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Од утре (вторник) Македонија ќе биде под влијание на топлотен бран кој што ќе донесе високи температури и висока вредност на ув индексот!

Се препорачува да се следат препораките на лекарите за топлотни бранови, како и да се избегне излегување на сонце во периодот од 10 до 17 часот!!!“

Претходна статијаЌерките на Панчеви, Надица и Марија отворено за своите родители Маја и Дарко (ВИДЕО)
Следна статијаИгор се пофали со слика од Илина на плажа во костим за капење, на вакво тело сите би позавиделе (ФОТО)