Ќерките на Панчеви, Надица и Марија отворено за своите родители Маја и Дарко (ВИДЕО)

0

Маја и Дарко Панчеви се заедно веќе 23 години и се еден од најскладните парови во јавноста кај нас. Легендарниот фудбалер и пејачката имаат две ќерки, Надица и Марија.

„Дарко беше тој што иницираше контакт, и некако се се случи толку спонтано да се запознаеме, и да бидеме искрени еден кон друг. Многу брзо си се допаднавме“, изјави Маја во Женски магазин за својот сопруг, а потоа раскажа една приказна.

-Засекогаш ќе ги паметам двете Нови години кога случајно и со Надица и со Марија бев бремена. Едната беше во Милано, другата во нашето кафе „Деветка“. И, иако нели не смееш многу да скокаш и да бидеш немирна, јас и на двете забави се се изнаиграв, а Дарко ме караше и ми велеше да не претерувам.

Дарко и јас веќе 19 години си функционираме на еден нормален, човечки начин како да не сме луѓе од јавниот живот. Едноставноста е таа што си ја сакаме помеѓу нас.

Активна сум со музиката и тоа секојдневно, затоа што веќе пет години сум дел од хорот на МОБ. И секако, тука се и живите свирки кој ми се мелем за душичката“, рече таа во истото интервју.

Постарата ќерка на Панчеви Надица е студент по Германски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. „Секако дека сме среќни за нејзиниот успех, а посебно ни е драго што веќе поодамна самата си знае дека трудот што го вложува носи добри и сигурни резултати“, рече Маја за неа.

Помалата Марија е вистинска убавица и веќе се остварува во професијата модел. Имено таа е дел од модното студио „Моделс Ин“. Фотографиите на нејзиниот профил на Инстаграм се доказ за нејзиниот талент и природна убавина.

Токму Марија за роденденот на Маја, објавила една интересна слика од својата убава мајка. Имено, Маја на 25 мај наполни 48 години, кои никој не би ѝ ги дал, затоа што изгледа како девојче.

Кој би рекол дека Маја е мајка на две големи ќерки, но и Дарко кој поради својот спортски дух изгледа доста помладо од своите 55 години.

Марија ја објави сликата на која Маја ги дува роденденските свеќички, која потоа и Маја ја сподели на својот профил. Нека е со среќа! Марија за својата мајка напиша: Најсреќен за најсаканата личност!

„Бекстејџ“ направи прилог за ќерките на Маја и на Дарко, Надица и Марија кои отворено зборуваа за своите родители.

-Ние сме прегорди, затоа што никогаш не сме можеле да посакаме подобри родители.

Тие секогаш не учат на најдоброто, ни го посакувата најубавото, и сакаат да постогнеме се најдобро во животот и многу ги сакаме“, изјави помалата Марија во „Бекстејџ“.

Видеото од најавата на  Бекстеџ, поглледнете го ТУКА.

Претходна статијаАнастасија и Пријовиќ исто облечени, со деколтето и со голите нозе го здрмаа белградскиот сплав (ФОТО)
Следна статијаСпасе од „Сител“ прво се налути, а потоа упати предупредување! (ФОТО)