Сефер Цаноски со силна порака за важна личност во својот живот (ФОТО)

0

Во мај во 2018 година, познатиот бизнисмен и сопственик на ФОН Универзитетот, Сефер Цаноски, се ожени со Сезен Бас.

Сефер и Сезен направија свадба гламурозна свадба за многу гости во Истанбул, Турција. Тогаш, тој објави дел од свадбената фотосесија на својот Фејсбук.

Под фотографиите на кои позира со Сезен облечена во невестински фустан, тој и порача да танцува со него до крајот на животот, како што велат стиховите на хитот од Леонард Коен.

Сезен е од Турција, и во една приика, за „Фокус“ раскажа како се запознала со Сефер. Тие двајцата се запознале сосема случајно, на една од улиците во Таксим, каде тој пиел кафе.

Раскажуваат дека им се случила љубов на прв поглед и како била вистинска среќа што се пронашле во 20-милионскиот Истанбул.

„Никогаш не мислев дека ќе се омажам, ниту пак дека ќе раѓам во Македонија. Но, ете, животот е непредвидлив. Наскоро го очекуваме раѓањето на нашето девојче, настан поради кој сме многу возбудени“, додаде Сезен.

За Цановски ова е втор брак. „Драго ми е што бременоста на Сезен минува во најдобар ред. Моите две деца, Каан и Каја се многу радосни што ќе добијат сестричка. Каја како постара дадичка посебно е возбудена, црта, пишува, планира како ќе ја чува и со нетрпение ја чека“, изјави тој претходно.

Директотот на „ФОН Универзитет“, во јануари годинава, стана татко по четврти пат. Сефер на социјалните мрежи ја сподели радосната вест со своите пријатели и роднини објавувајќи дека станал татко на ќерка.

Ова е второ дете на Цаноски кои го има со сопругата Сезен. Од неговиот претходен брак со Лејла Рамковска, ќерката на Велија Рамковски, Сефер има две деца.

Во мај годинава, Цаноски и Сезен прославија две годиини од бракот. Сефер, на кога прославија една година, на романтичен начин реши да ја израдува својата сакана.

Тој, како вистински џентлмен и човек кој сака да ја покаже љубовта кон својата сопруга, седна позади клавијатурите и ја отсвири и отпеа песната ,,Загрли ме” од Здравко Чолиќ.

Пред извесно време, тој на Фејсбук покажа романтичен гест поврзан со музика. Тој објави слика како се бакнува со својата сопруга и ги напиша познатите стихови од Владо Јаневски: „Еден бакнеж, и магија се стори“. Неговите Фејсбук пријатели му се воодушевуваат и му честитаат на гестот.

На празникот Барјрам, Цаноски објави семејна слика со сите деца, со сопругата и со родителите, во домашна атмосфера.

Тој е многу поврзан со својата мајка, на која ѝ го честиташе роденденот со емотивни зборови. До сликата која ја објави, а на која се неговата мајка со ќерка му тој напиша:

„Среќен роденден мамо. Среќни сме и горди што те имаме во нашите животи. Остани силна и здрава уште сто години.“

Претходна статијаКомшија мој, газда е тука, со фирми со пари – запнал Швајцарија да оди
Следна статијаАлен од „Бијело Дугме“ смени бизнис и порача: Нема ќебапи и кромид, нудам услуги по европски стандарди, а народот го искара (ФОТО)