Познатиот скопски менаџер Цајо со силна порака до браќата и сестрите кои делат наследство

0

Во Македонија, но и речиси целиот Балкански полуостров се провлекува еден стереотип, крајно дискриминаторски за женскиот пол. Мажот е главен во семејството, тој е тој кој повеќе заработува, жената треба да работи по дома, да се грижи за семејството, за децата…

Вакви размислувања има речиси насекаде, но сепак, во развиените земји, жената завзема сè позначајно место во општеството, нејзиниот труд е вреднуван исто како машкиот и ваква поделба речиси и да нема.

Во една Германија на пример, Ангела Меркел е Канцелар со години наназад, а на актуелните избори во САД, кандидат за потпретседател е жена. Претседател или Премиер жена имаат и Нов Зеланд, Србија и многу други.

Кандидат за претседател на последните претседателски изботи кај нас, беше Гордана Силјановска Давкова, актуелен пратеник во македонскиот Парламент, која сепак не успеа да ја добие битката за фукцијата во вилата на Водно.

Но кај нас и општо на Балканот има и еден друг проблем. Покрај погоре набројаните стереотипи, во едно семејство, доколку децата се машко и женско, речиси без исклучок, родителите имотот, или најголем дел од него, му го оставаат на машкото дете.

Тоа е дискриминација од најдолен вид, во многу случаи трауми кои ги доживуваат женските деца, кои се чувствуваат обесправени, помалку вредни, помалку сакани, само и само, затоа што се жени!

Голем број од нив, со последиците од ваквата непромисленост на родителите, се соочуваат по нивниот евентуален развод на бракот, кога се во опасност да останат на улица, доколку припаѓаат на онаа група жени, кои потекнуваат од семејства во кои машкото дете е повредно од женското.

И има еден трет проблем, кога не е важно дали се брат и сестра, брат и брат, или сетсра и сетра, туку на децата им е најважно да земат што поголем дел од имотот од својот брат или сестра.

Тука не се бираат средства, се судат со години и односите меѓу семејствата трајно се нарушуваат. Токму на оваа тема, проговори познатиот скопски лик, еден од најуспешните менаџери на кафулиња и дискотеки во девеесеттите години, Милорад Цаиќ – Цајо:

„Имам прашање до сите мои другари и пријатели како луѓе кои живеаат во урбано општество! Дали сте размислувале на проблемите меѓу брат и сестра и другите поколенија во оставинска постапка кога ке поч инат родителите? Никогаш!

Туку после тоа почнуваат проблемите во семејството, кој ќе го лапне поголемиот колач! Ние сме алчни и мислиме дека ако бидеме по вешти и го добиеме поголемиот дел од имотот на нашите родители, тогаш сме успешни!

Не, туку сме многу посиромашни ,ги губиме најблиските од прво колено, т.е. браќата и сестрите. Затоа, не бидете алчни, туку размислувајте за подобро утре на вашето семејство. т.е. фамилија.

Бидејќи животот е еден и никогаш нема да го имаш своето семејство и фамилијата.“

Претходна статијаВчера влегов во 9 месец и дознав дека сопругот ме изневерува – не знам што да правам
Следна статијаПоранешниот Градоначалник Трифун Костовски бара од Шилегов да дозволи граѓаните да кажат дали сакаат пешачки зони во Центар