Познатиот хрватски ракометар стана македонски зет, се ожени за манекенка во патики (ФОТО)

0

На хрватскиот ракометар Игор Карачиќ, „Вардар“ му е во срцето, затоашто со овој клуб ја освои Лигата на шампионите. Тој за dribling.mk има изјавено дека не може да го заборави Вардар, Скопје и Македонија, а одлуката да ги напушти „црвено-црните“ била тешка.

Освојувањето на Лигата на шампионите со Вардар е врв во мојата кариера изјави Карачиќ. Ја сменив клупската средина да добијам нова енергија. Не сакав да заминам од Вардар.

Едноставно беше незаборавно во Вардар, по последниот натпревар во Скопје останавме во салата долго време.

Беше прекрасно во Вардар, не сакав да заминам, тоа беше тешка оваа одлука. Новиот предизвик е чекор напред, нова енергија“ – изјави Карачиќ кој сега игра за полски клуб.

Кога и да дојде во Македонија, со својот сегашен клуб, Карачиќ не е исвиркуван од публиката, туку напротив, тој е секогаш бурно поздравуван.

Но, уште една работа го врзува Игор за Македонија, а тоа е неговата љубов, Душица. Ракометарот сега и официјално стана македонски зет.

Тој ѝ се заколна на вечна љубов на манекенката Душица Андоновска со која беше неколку години во врска и стана македонски зет.

Свадбата беше во Мостар, од каде е Игор, во кругот на најблиските роднини и пријатели, а воедно го прославија и роденденот на Душица.

За свечесноста, Душица носеше кратка венчаница, додека Игор облече костим и патики, пишува Улица.мк.

Парот е прекрасен, нема што. Галама им посакува убав, хармоничен и среќен брачен живот и секако, многу, многу дечиња, идни наследници на спортскиот виртуоз Игор Карачиќ.

Струмичанката и Игор во моментов живеат заедно во Полска каде што Игор игра за Киелце.

Ова е нивна прва заедничка фотографија од свадбената веселба, а невестата се одлучила за необична венчаница.

Претходна статијаМарјана ужива на најромантичното место на светот, кај Армани (ФОТО)
Следна статијаНе е важно материјалното, блазе секому што те има: Адријана Алачки со внуката претстави важна личност (ФОТО)