Марјана ужива на најромантичното место на светот, кај Армани (ФОТО)

0

Згодна, атркативна, харизматична, шармантна, професионална…..се некои од епитетите кои може да и ги дадеме на македонската водителка Марјана Станојковска.

Марјана е една од најактивните и најангажираните водителки, па ако не ја гледаме да го води „Лото“, тогаш може да ја видиме во разни други водителски ангажмани.

Водителката често е активна на социјалните мрежи каде најчесто објавува фотки од нејзиниот професионален живот, додека е на сцена, или пак рекламирајќи одреден бренд, производ.

Марјана е активна и успешна и како инфлуенсерка на Инстаграм, па доста често има нови ангажмани за разни производи, особено козметички.

На нејзината витка фигура може да и позавидат многу млади девојки, а Станојковска со години важи за згодна убавица по која воздивнуваат мажите.

Станојковска, бидејќи постојано е пред камери, поради професијата многу често мора да има шминка на лицето, па затоа јавноста ретко може да ја види во природно издание.

Во една прилика таа изјави дека честопати знае да се шминка и сама и дека не се случува постојано за нејзиниот изглед пред камери да се грижат професионалци.

-Процесот на шминкање е многу едноставен за некои девојки, додека за други претставува права “ноќна мора”.

Но она што е заедничко за сите нас девојки и жени е тоа што сите ние посакуваме што е можно подобро да го совладаме овој процес, (колку-толку )

Станојковска важи за девојка со ангелско лице кое секогаш изгледа прекрасно, па понекогаш таа споделува со фановите на Инстаграм на што се должи тоа.

Познатото наше тв лице објави дека е на третман на своето лице и притоа напиша: – Мезо и кислородна терапија со апаратот.

Извонредна процедура која веднаш овозможува освежување на кожата.

Неодамна, Маријана објави слика во костим за капење, кој ги стопли нејзините следбеници во ова време-невреме. Марјана беше во жолт костим, покрај базен, рекламираќи здрави производи.

Марјана објави слики како ужива во Итаолија, во Портофино, кое се смета за едно од најромантичните места во целиот свет.

Портофино е колонија која е лоцирана во градот Женева, на италијанската ривиера. Градот е опколен околу малото пристаниште и познат е по колоритните градби кои се протегаат долж брегот.

Овој град кој порано најмногу бил посетуван од рибарите кои оделе на риболов, сега е претворен во гламурозно место кое е преполно со лускузни вили, дел од нив во сопственост на Армани и Долче и Габана.

Марјана изгледа топ и на овие слики, како и секогаш, а на објавата на Инстаграм само кратко напиша: Разгледница од Портофино.

Претходна статијаАлен од „Бијело Дугме“ смени бизнис и порача: Нема ќебапи и кромид, нудам услуги по европски стандарди, а народот го искара (ФОТО)
Следна статијаПознатиот хрватски ракометар стана македонски зет, се ожени за манекенка во патики (ФОТО)