Порасна ќерката на Миле Кузмановски, иста како сопругата Јасмина (ФОТО)

0

Ниту една веселба, свадба, било какво дружење во ресторан не поминува без „Не кани ме“, безвременската хит песна на Миле Кумановски. Оваа песна е избрана за најпопуларна меѓу народот, од областа на народната музика, во проектот на Агенцијата за спорт и млади по повод 20 годишнината од независноста.

Оваа нумера настаната пред скоро 20 години е врзана со името на Миле Кузмановски, таа е своевидна негова лична карта, песна која му го смени текот на кариерата во нагорна линија.

Пејачот јавно им се заблагодарува на сите што придонесоа оваа нумера да биде најдоброто во фолкот, а признанието посебно му значи, бидејќи е доказ за популарноста на песната меѓу повеќе генерации.

Миле Кузмановски се до 2012 година, традиционално одржуваше концерти во Универзалата сала, која сега за жал не функционира. Последниот беше во 2012 година, и вели дека многу му недостасува оваа сала, и откако не е во функција, нема желба за слични настапи.

Традиционалните концерти во тоа време, беа врзани за роденденот на неговата покојна сопруга Вера, која по долго боледување по-чина во ноември 2012 година.

По пет години од Миле се ожени со Јасмина, која работи во Црвен крст. Од разбирливи причини се помина тивко и само во матично.

Пред три ипол години, на пејачот кој е еден од омилените кај домашната публика и на неговите ќерки, среќата повторно им се насмевна. Миле и неговата сегашна сопруга Јасмина Трајковска, ја добија ќерката Ева, која сега има три ипол години.

Неговите близначки Ана и Јана имаат 16 години. „Само да се замисли како ми е со четири жени. Јас сум тука само за да им ги исполнувам желбите. Но, навистина сум среќен што дома повторно има среќа. Јасмина се однесува со нив како да ги родила…

После пет години од она што се случи, се оженив со Јасмина и тоа се оженив со дозвола од Ана и Јана. Кога им соопштив дека планирам да се оженам повторно, немаше никаков проблем. Се се одвиваше многу внимателно, без да биде некој повреден.

Кога се наместија коцките, тогаш решивме. И еве после толку време се гледа дека е направен вистинскиот избор, за сите нас“, изјави Миле за порталот „7 дена“.

„Има неверојатна љубов помеѓу сестрите. Се гушкаат, се бацуваат, се чуваат. Јасмина и јас се разбира најмногу се грижиме за неа, но сестрите многу помагаат.

Тие три се како другарки. Ана и Јана одлично ја прифатија Јасмина затоа што сфатија дека е личност која ќе се грижи за нив како да им е биолошка мајка.“, откри Миле за Женски магазин.

Миле е многу горд на својата сопруга а и таа на него. На социјалнте мрежи, Јасмина не пропушта да го пофали:
„Обичен ден како и секој, за мене специјал, мојот 47 Роденден..

Рано утрово вообичаено ги погледнав сите по дома, мирно спијат и си реков може ли да побарам повеќе од животов..

Тече денот, на работа пречекана од моите прекрасни колеги, мајка ми и татко ми, брат ми, први со мене го почнаа денот. Потоа сите драги луѓе со најубави желби.. И стасувам дома кога моите Миле, Ана, Јана и Ева ме направија посебна .

И животе убав си ми, како што и мојот сопруг пее … Се што побарав Господе…. го имам“, напиша Јасмина на својот Фејсбук по повод нејзиниот роденден минатата година. Миле пак, на овие изјави на љубов возвраќа со песна.

Јасмина објави слика од ќерката Ева која пораснала во вистинска мала убавица и многу личи на неа.

Таа исто така го поддржа Миле кој учествуваше во спотот Македонија на Европско, како гостин на групата ДНК и сподели слика од снимањето на спотот.

Таа споели слика сосвоите коелги од Црвениот крст на денот на Црвениот крст и ја пофали нивната посветеност кон професијата.

Претходна статијаГабриел синот на Амди Бајрам: Најобично моторче му купив на синот, не Порше
Следна статијаНајпосакуваниот музичар, омилениот на невестите за садби се вери, наскоро ќе си свири и на неговата свадба (ФОТО)