Габриел синот на Амди Бајрам: Најобично моторче му купив на синот, не Порше

0

Габриел Бајрам, наследникот на Амди Бајрам на лидерското место во партијата Сојуз на Ромите, вчера на својот пшрофил на социјалните мрежи напиша:

„Сине мој, слико моја, наследнику на тато, гордост татина, Денес ти е роденден и сите сме радосни исто како и кога си се родил пред 20 години.

Отсекогаш го имаше карактерот и храброста на тато, Те израснавме со љубов но и со грижа да не ти се случи нешто.

Знаеш дека твојата желба за нас, отсекогаш била заповед. Дека твоето барање за нас беше наредба. Сине наш, знаеме што сонуваш и знам што отсекогаш си посакал.

За тебе, тато се ќе даде па дури и душата своја, дури и очите, дури и срцето…. но сепак, толку те сакам што не сакам да ти се случи било што, сакам да те заштитам.

За овој 20-ти роденден, ти купив две подароци, ама само еден ќе ти дадам. Кој? Самиот ти ќе бираш. И двата ти се од срце, но сепак, едниот е без услов а вториот е со услов.

Едниот подарок е твој и клучевите ти ги даваме веднаш и сега! Вториот подарок е со услов и се зависи од тебе а сведок сакаме да е Аллaх.

Знам дека го посакуваш, знам дека ти е при срце, ама ете… Сине се пла шам за тебе.. премногу и затоа сакаме да ни ветиш нешто, и тоа пред Господ да се заколнеш во џамија:

Нема да возиш повеќе од 150 на час. Ќе возиш внимателно и ќе пазиш на секое твое движење. Ќе го чуваш и негуваш, бидејќи е твој и ничиј друг. Ќе го почитуваш дадениот збор.

Сега ти бираш, или подарок без услов, или подарок со услов. Клучевите се твои, изборот е твој.“

На социјалните мрежи се разви дебата за сумата која ја издвоил Бајрам за пошето кое му го купил на синот. Но Бајрам денес за Фокус објаснува дека не му купил кола.

Секој може да згреши, еве тоа им не се случи на многу новинари од познати медиуми, кои побрзаа да објават вест, без да проверат за што се работи.

На син ми Валентин за 20-от роденден му купив моторче, а не скап автомобил Порше, како што објавија.

Ако тој на социјалните мрежи има фотографија покрај Порше, не значи дека тоа е подарокот, но ете, избрзале и се ,,лизнале” – за ,,Фокус” раскажува Габриел Бајрам, претседател на Сојуз на Роми, и син на починатиот пратеник Амди Бајрам.

Тој појаснува дека објавил честитка за роденденот на синот во која му пишува да не го вози роденденскиот подарок побргу од 150 километри на час, бидејќи се грижи за неговата безбедност, а многумина поради насловната фотографија на Валентин, каде тој стои до скапиот автомобил, си протолкувале дека тоа е подарокот.

-Минувам со цело семејство низ доста тежок период. Опериран сум од тумор, пред пет дена се вратив од болница, сега закрепнувам. Затоа и сакав малку да го расположам синот, со подарокот.

Ни се случија доста лоши работи изминатиот период, здравјето и слогата се најважни во животот.

Се надевам дека бргу ќе застанам на нозе, а на тие кои избрзаа со непроверената вест да им порачам дека не им се лутам, луѓе се, грешат, но мора да бидат и професионалци во иднина, да проверат вест пред да ја објават – вели Габриел.

По смртта на неговиот татко Амди, тој дојде на чело на Сојузот на Ромите и појаснува дека целта му е да продолжи да се бори за интеграција и подобар живот на Ромите во земјава.

-Таму каде што татко ми застана, јас продолжувам. Да ги надминам здравствените проблеми, па се враќам посветено на работата, со цел овозможување на подобар живот на Ромите – изјави Бајрам за Фокус.

Претходна статијаСемејството Ражњатовиќ слави, поради бебето, Анастасија соопшти прекрасни вести
Следна статијаПорасна ќерката на Миле Кузмановски, иста како сопругата Јасмина (ФОТО)