По десет години борба, нашата фолк пејачка стана мајка, никој не знаеше дека очекува принова (ФОТО)

0

Фолк пејачката Татијана Стефановска како и многу од нејзините колеги периодов одмараше од настапите поради пандемијата. Таа е мажена за музичарот Митко Бежаноски.

– Музиката е важен дел од мојот живот, уште од најмала возраст… видно талентирано дете сум била J покрај долгогодишното пеење во градскиот хор и пеењето на некоја свадба кога сум била гостинка, и не сум размислувала да станам пејачка, иако имав безброј понуди скоро од сите битолски групи.

Но, подоцна сакав да настапам на фестивалот „Валандово“ и така беше. Настапив на фестивалот во 2007 година, со пеење во живо, без ниеден ден работа како професионален пејачл. Дотогаш немав настапено никаде – директно на сцена и пренос во живо на МРТ и сеуште не планирав да продолжам со пеењето, ама ете сакав барем еднаш да излезам на сцена сама.

Но, мојот настап го забележаа многу музички имиња кои пејат и оние кои творат, па ме убедија дека сум родена за оваа работа J. Така почна мојата кариера“, изјави Татијана во интервју за http://estradaworld.blogspot.com

– На почетокот на кариерата, најголем критичар ми беше мајка ми, а подоцна сопругот. Но, вооедно и подршка. На почетокот мајка ми не се согласуваше јас да се занимавам со оваа работа, но веројатно кога виде дека одам во правилен правец, беше задоволна и почна нејзината подршка.

Се разбира, музиката ме спои со сопругот, кој исто така е музичар и од големо значење ми е неговото мислење, а неговата критика ме направи и подобар пејач во последниве неколку години“, изјави таа во истото интервју.

Татијана која е инаку од Битола, неодамна изјави дека пандемијата уште повеќе ги зближила со сопругот, затоа што и двајцата биле повеќе дома кога не настапувале, а инаку беа доста ангажираби и кај нас и во дијаспората.

Но, она што речиси никој не го знаел е дека Татијана очекувала принова, и затоа меѓудругото паузира со настапите. Како што објави Фокус, Татијана и Митко желно го очекувале своето прво дете цели 10 години.

-Голем си Господе! Благодарни и должни сме ти до века! Ана! Господ секаде да дава ваква радост! – објави Стефановска на Фејсбук и така сите дознаа дека станала мајка.

Веднаш почнаа да се редат честитки и благослови за малата ана. „Уживајте во секј миг, среќни родители, нека е жива и здрава“, е една од честитките.

Таа и нејзиниот сопруг, кој има син од претходниот брак, се заедно цела деценија. Битката на Татијана да се оствари како мајка траеше долг период и беше тешка тема за која пејачката избегнуваше да зборува во јавност, се вели во објавата на Фокус.

Претходна статијаЌе се удри од таван – прскајте го Фикусот со оваа вода и ќе „збесне“ од живот
Следна статијаЛамбе од Америка се врати во Битола, му оддаде почит на голем Македонец (ФОТО)