Најпознатиот наш јутјубер Стефанатор низ солзи раскажа за болеста (ВИДЕО)

0

Еден од нашите најпопуларни јујтјубери, Стефанатор, кој на својот Јутјуб канал има близу 120 илјади претплатници, искрено прозборе за една своја теш ка би тка, кан-цероот на тестиси со кој се борел.

Му бил дијагностициран на 23 јули, и лекарите му рекле дека операцијата е единствен спас.

„Кога ја скршив раката, му се помолив на Господ тоа да биде последната операција во мојот живот. Но, не беше така.

Ми рекоа да не чекам повеќе од еден месец, но јас чекав да помине роденденот, да помине стримот што го правевме во септември.

И веднаш после роденденот решив дека е време за операција. На 21 септември јас правев операција за едно од тие топчиња што правеле проблем.

Тоа второто што остана треба обично да се стопи со хемотерапија. Добрата вест беше што 99 проценти од туморот излечив, и дека има добра прогноза и нема од што да се плашам.

Но, почнаа да доаѓаат тие хем-о терапии, некаде крајот на октомври почнав со нив, со тоа што една цела недела, од понедленик до петок ја примаш“, рече јутјуберот со солзи во очите.

Тој рече дека со целиот процес на таа терапија, поради која останувал во болница и по повеќе од шест часа на ден, завршил некаде на 20 јануари оваа година.

Потоа зборуваше за времето по интервенцијата.

– Не можев да станам од кревет зашто имав болки, па земав ап-чиња против болки, па почнав да се пуштам низ соба да правам некои чекори и одев се подалеку и подалеку и недела дена после тоа јас се спотерав и отидов во Штип на настан.

Тоа го напрваив само некоку дена по опе-рација. Не знам како сите ми се чудеа. Потоа се случи премиера на филм, зашто не можам да седам мирен, морам да правам нешто, да снимам“, откри јутјуберот и продолжи за тоа дека хем-о терапијата за него била најтешкото нешто.

– Цел свет ти се пореметува. Почнуваат да ти паѓаат сите влакна. Целиот тој период човече, додека ја примав терапијата, мене константно ми се повраќаше, по цели денови. И иако примав и апчиња против повраќање, констатно од сабајле во вечер мене ми се повраќаше.

Крвта ослабена ненормално, организмот ужас, се ужас, затоа што тоа се от-рвои кои ти го уништуваат цел организам. Јас сум се уште хаос, и немам коса, и затоа се прикривам вака, со илјада капи, затоа што ми е непријатно и мразам што немам коса, но еве брада почна да расте и се радувам што имам брада и мустачиња на себе“, рече јутјуберот.

Иако неговите фанови очекуваа дека видеото ќе има среќен крај, Стефанатор при крајот рече: Иако се смета дека терапијата треба да е 99 проценти успешна, јас откако бев на сите прегледи сфатив дека не сум во тие и треба да правам уште една операција“, рече тој и низ солзи продолжи.

– Јасно ми е дека има многу полошо од моево, јасно ми е дека не е крај на свет и дека е се излечиво, и дека се се прави, но едноставно, веќе силиве ми се на крај, затоа што многу месеци се борам со ова и многу е тешко и буквално животот ти се менува.

Сфаќаш една голема лекција дека ништо не е поважно од здравјето, и ти доаѓа вест дека не е борбата готова, иако мислев дека е и си се радував“, рече Стефанатор и додаде дека го чека датумот за втората операција за која му велат дека нема да биде толку тешка како првата.

– Но, самата помисла дека на еден систематски во основно се онесвестував, сега треба пак да поминувам низ сето тоа од почеток. Би требало ова да биде последниот чекор, и после да седнам и да снимам уште едно видео и да ви кажам дека сум конечно здрав.

Многу мразам да покажувам емоции и да плачам пред камери, но мислам дека нема начин јас да ви го кажам ова без да се распарчам вака“, рече Стефанатор, познат по серијалот „90 секунди“, во кој му гостуваа многу наши познати личности, како и ѕвезди од Балканот.

На крај, тој ги поддржа сите кои се борат со кан-цер и упати апел до сите луѓе да одат на превентивни прегледи, но и додаде дека се ќе помине, само треба големо трпение.

Стефанатор објави ново видео во кое низ солзи раскажа за своите нови случувања, но овој пат сподели убави вести.

– Уште немам проговорено три збора и веќе ми идат солзи на очи, но ќе дадам се од себе во ова видео да не бидам толку хаос. Последно знаете дека по хемотер-апијата јас морав да правам втора операција.

Операцијата помина супер, закрепнав додста брзо, а после се чекаше патолошкиот наод. За голема среќа, овој пат беше прикажано дека нима нула проценти тумо-рски клетки. Тоа беше пред 2-3 недели, и чекав да направам уште едно финално испитување.

Тоа го правев преходниот петок, и ги имав резулатите коишто ми кажаа дека сум излечен. Знам дека треба многу да славам и треба многу да се радувам и се, и се радувам, стварно се радувам, ова се солзи радосници“, рече познатиот јутјубер кој е инаку познат по серијалот „90 минути“.

Му посакуваме добро здравје и уште многу добри видеа. Емотивното видео на Стефанатор, можете да го погледнете ТУКА.

Претходна статијаСе огласи Агнеса по рзводот со Орданоски, и проговори за ќерките
Следна статијаВодителот Ване сликовито објасни како се ПОЛНИ со енергија (ФОТО)