Водителот Ване сликовито објасни како се ПОЛНИ со енергија (ФОТО)

0

Ване Маркоски еден од нашите најпознати водители, неодамна сподели еден свој емотиивен спомен, од своето детство и многу негови следбеници на Фејсбук ја бендисаа оваа приказна.

–За едно убаво време… Живеевме во стара зграда, а главната улица пред зградата, беше цела покриена со калдрма.

Спроти зградата трафика “Нова Македонија”, од рано наутро целата “опиена” од мирис на весници, малку погоре продавница каде се мелеше тазе кафе, а одма тука и фурна за леб. Спроти фурната и “Деликатес” – тогаш поим за супермаркет.

Се сеќавам кога сите тие мириси на весници, тазе мелено кафе, тазе леб, ќе се испомешаа наутро. Мирисаше цело маало.

Секое сабајле со свиткани пари во рака, трчав прво по весник, потоа по тазе кафе, па до фурната по тазе лебче и по млеко или јогурт, се сеќавам тогаш беа спакувани во кеси.

Ќе тркнев и до “Деликатес” по уште нешто и се тоа за некои 150 денари… За назад кон дома, редовно си купував и сладолед, млечен со чоколаден прелив, стандард вкус. Знаете на каков мислам.

Го продаваше еден дедо. Имаше фрижидер на самиот тротоар, одма залепен до нашата зграда. Тоа му доаѓаше нешто како награда за пазарувањето… Доаѓаш дома. Се спрема појадок. Пушташ МТВ, почнува “Ѕвон” и не трепкаш.

Колку само летавме, колку бевме среќни, затоа што со ова чуствувавме дека нешто придонесуваме за дома“, напиша Ване.

Инспирацијата, Ване ја добива на вистинско место. Во неговиот стан, со преубавиот поглед во кој ужива, и на дланка му е цело Скопје.

Тој живее во комплексот Џевахир,каде што има и велнес и спа центар, па на Ване му е супер зашто си има базен и спа во комшии, каде што може да си претрча кога и да сака.

Тој објави слика во бањарка, која е најверојатно сликана по некое уживање во сауна или пливање. Е, така се живее!

Водителот на Фејсбук често знае да спомене дека му се патува, а желбата си ја оствари неодамна по патувањето во Анталија, каде што беше во друштво со поовеќе колеги.

Познато е дека добра пријателка на Ване му е Милена Антовска- Станковска, водителката од Канал 5, но и Бубе Јаневска, со која објабис лика како пијат кафе.

Ване објави слика од А1 Арената каде што тој се имунизираше, и на сликата ги покажа своите тетоважи. Под фотографијата, тој напиша:

За своето и за колективното здравје. За побрзо на дружби, журки, гушкања… Фала на сите луѓе тука. Професионални, насмеани, организирани, трпеливи.

Водителот откри дека во последно време не е многу расположен и нема енергија, и раскажа како успеал да си ја врати.

Деновиве расположението ми беше тапа, енергија 0, па денов ми направи добар рестарт и освестување за тоа каде припаѓам. What more do u need? Paddle Klub.

Ова го напиша Ване до сликата каде што го означи кајакарскиот клуб и објави слика од езерото Козјак како ужива и ги полн и батериите на својот кајак.

Претходна статијаНајпознатиот наш јутјубер Стефанатор низ солзи раскажа за болеста (ВИДЕО)
Следна статијаПријовиќ со деколтето главна гостинка на роденденот на внукот на Цеца (ФОТО)