Многу го сакам девојчето на син ми, вчера го видов него со друга и сакав да и кажам, а се случи нешто неочекувано

0

Девојката на син ми навистина ја засакав како да ми е ќерка, бидејќи цел живот сакав ќерка. Син ми е единец и нормално дека го сакам најмногу во светот, а со девојчево одат веќе 7-8 години и пред неколку месеци конечно се верија.

Јас бев пресреќна што син ми си најде така софистицирана, интелигентна, убава и добра девојка.

Ама, се случи нешто поради кое го изгубив мирот и веќе не можам да спијам. Минатата седмица се вратив порано од работа и кога го гледам син ми излегува од бањата со бадемантил, а после него и некоја друга девојка.

Ама таа “некоја” девојка ја препознав дека е најдобрата другарка на неговата девојка!

Ја видов и попусто таа се обидуваше да се скрие зад него! Тој беше видно изненаден што ме гледа, па кога се созеде дури и со лут тон на гласот ме праша што сум се вратила толку рано од работа. Не му одговорив, ја свртев главата, а тој знаеше дека нема да имам милост кон вакви работи.

Затоа го оставив татко му додека тој беше многу млад, го фатив како ме изневерува и тоа во нашиот дом. Тоа ми е нешто многу болно и не можам таквото неверство да го поднесам, ниту да го простам.

Веднаш и се јавив на неговата девојка и ја викнав на кафе, за да објаснам се’. Сакав да ја поштедам од таква болка каква што јас преживеав, барем за неа се’ уште не е доцна.

Јас сум жена, и иако тој ми е син и го сакам најмногу на светот, сепак сметам дека ниедна жена не треба да биде изневерена, особено не на ваков подол начин.

Меѓутоа…кога и кажав што се случило и со кого ја изневерува мојот син, таа нагло стана и дрско ми одговори дека сум била како и сите останати свекрви и дека попусто се обидувам да ја скарам со мојот син.

Си ги зеде работите и на одење само се заврте и ми рече онака цинично насмеана дека сум била мизерна, како не ми било срам што не само што сум сакала да ја разделам од синот, туку сум сакала да ја скарам и со нејзината најдобра другарка.

Што да ви кажам, многу сум разочарана… За најголем личен неуспех сметам дека е тоа што не успеав да го воспитам син ми да биде вистински маж…

а за неа ми е многу жал, затоа што сето тоа што јас се обидов да и го кажам, таа ќе го дознае кога-тогаш, ама на поболниот начин, можеби кога се’ ќе биде предоцна, кога ќе се венчаат, кога ќе добијат деца.

Јас не знам како после ова тие ќе се однесуваат со мене, ниту јас кон нив, засега се одбегнуваме максимално. Се обидов да ја предупредам и чиста ми е совеста.

Претходна статијаНашиот познат диџеј падна од точак и се повреди, а потоа го истетовира цело лице (ФОТО)
Следна статијаМери Јордановска: Ема ми влезе во срце, oти е обична, а сепак посебна, какви што сме впрочем сите ние