Мери Јордановска: Ема ми влезе во срце, oти е обична, а сепак посебна, какви што сме впрочем сите ние

0

Познатата новинарка Мери Јордановска е голем љубител на животните. Таа во свој статус на социјалните мрежи, пишува:

„Има едно проклетство кај нас љубителите на животни кои се обидуваме да им најдеме дом на напуштените….а тоа е кога ќе се роди животинче кое нема да нè привлече со боите,

односно знаеме дека нема другите да ги привлече со боите. Обично е! Не е сосема бело, не е сосема сиво… па уште и женско! Пази, женско! Налет. Сè што не треба.

Ете така дојде и Ема на светов. Двајца бели браќа, таа пустата ишарана со сиво. Плус па и женско. Ја гледаме, и одма знаеме, аххх, ти ќе останеш улична, нема везе што карактер си.

А јас вечен оптимист, велам нема. Оти се надевам дека има луѓе како мене, на кои бојата и полот на животинчето не им е важен. Оти Ема е лик. Ема е карактер. На Ема не сме ѝ чуле глас.

Оти ѝ треба само едно топче од фолија со кое ќе игра цел ден, па дури и да не ѝ дадеш да јаде, ок е, нема да ти досадува, нема да плаче, си има она свое кебенце и ќе си легне.

Ема ми влезе во срце. Оти е обична, а сепак посебна, какви што сме впрочем сите ние.
Затоа замолувам – дајте ѝ шанса да има убав живот, а не мора ни тоа – само запознајте ја, а потоа знам дека нема да можете да ѝ одолеете. Оти Ема е љубов.

Извинете што има сиви шари на неа, да знаела дека тоа ќе е пречка да има свое семејство, сигурно немала да ги одбере, ама да не дозволиме тоа да биде пречка да биде сакана.

Да не ја фалам понатаму, таа е прочистена, избањата, со стекнати хигиенски навики и доаѓа во пакет со нејзиното кебенце. Ве молам споделете!“

Претходна статијаМногу го сакам девојчето на син ми, вчера го видов него со друга и сакав да и кажам, а се случи нешто неочекувано
Следна статијаПосле втората доза, кога му седнавме во бар: Берта Додевска за имунизирањето