Марко Слаткар на синот Моша му испеа специјална песна (ФОТО)

0

Поради својот специфичен стил, Марко Слаткаристика важи за еден од најпопуларните рапери во нашата држава.

За Слаткар е познато дека правењето нови песни очигледно му оди од рака со леснотија, па тој продолжува со домашните и интернационални дуети со повеќе или помалку познати изведувачи.

Пред извесен период Слаткар извади нова песна и тоа заедно со бугарската пејачка Гери Никол.

Слаткаристика токму во дует со неа или поточно со заедничка песна насловена „Гледај ме“ ја продолжува својата соработка со бугарските музички артисти.

Најсреќниот ден за познатиот рапер Марко Маринковиќ- Слаткаристика, е оној кога му се роди синопт Моша. На својот профил на Фејсбук сподели дека стана татко, во негов стил.

– Се роди Моша Маринковиќ. Голем да му расте- напиша пејачот, под фотографијата со неговата сопруга Сања.

Името Моша води потекло од името Мојсеј, веројатно станува збор за кратенка на името на овој египетски бог, додека „mosis“ е нешто како „син“, познат во Библијата како водец на Израелците. Значење на името: низвлечен, изваден, спасен од водата.

Во едно интервју, Слаткар зборуваше за тоа како настануваат неговите песни:

-Инспирација е секојдневието и може да настане од најмала глупост, до длабока мисла или чувство. Порано беше многу важно да го живееш тоа што го пишуваш, но со текот на годините се повеќе мислам дека се е работа. Најчесто пишувам во мир, а тоа е увек после 2 сабајле“, рече Марко.

Во 2014 година, Слаткар се ожени со поранешната Мис на Македонија Сања Николиќ. Пред една година, тие станаа родители на слаткиот Моша, а пред неколку дена го прославија неговиот прв роденден.

-Точно, како ден и ноќ сме, но нели,-мора да се стемни за да се раздени. Различни сме, но си имаме потреба еден од друг и се надополнуваме.

Иначе и двајцата сме лав во хороскоп, а од скоро дознавме дека и двајцата сме бик во подзнак. Па ти сега види.“, рече Слаткар за својата Сања.

Тој изминативе месеци e актуелен по новите верзии на своите песни кои се акустични. Слаткаристика сними концерт во празниот МНТ во придружба на гитара која ја свори Денис Мурат. Музичарот секој ден на Инсраграм пушта по една песна, а вака го најави стартот пред неколку дена.

-Денес син ми полни 1 година, а јас како озбилен татко сакам да ви ги претставам моите песни во озбилна, акустична варијанта. Мојот Јутјуб канал, 20 часот. Претплати се, бесплатно е“, рече тој во април месец.

Меѓу последните, тој ја објави песната „Да полетам“, за која своевремено има изјавено дека ја има напишано за тешката финансиска состојба во која се наоѓало неговото семејство.

Во интервју за Женски магазин, тој рече: „Да полетам“ секогаш ќе биде приказна на моето семејство. „Да полетам“ е наша приказна, но мотивација за секој човек што сака да успее.

За мене, една од песните што сега кога ја исполнувам, од срце, со огромна љубов ја пеам за мојот по -коен татко. За сè она на што ме научил и за тоа каков човек направил од мене“, рече Слаткар.

Слаткар според сторињата што ги објаува на Инстаграм се покажа како добар татко, а неодамна објави уште едно, како безгрижно си се шета со Моша низ Градсккиот парк во Скопје и му пее песничка за Спајдермен.

Претходна статијаМногу погрешно е тоа што се прави за задушница – еве од што навистина имаат полза упокоените
Следна статијаЛегендарен пејач му рекол на Џокси: Ти откако се појави на естрадата јас женска не фатив (ФОТО)