Легендарен пејач му рекол на Џокси: Ти откако се појави на естрадата јас женска не фатив (ФОТО)

0

Ѓорѓе Васиќ, алијас Џина Папас Џокси е најпознат по песната „На Велигден“. Околу Велигденските празници, Галама доби ексклузивна исповед од Џокси, што му било инспирација да го напише безвременскиот хит:

„Најубавите години од животот ги поминуваш со својата баба. Таа што ќе ти зготви го јадеш со невидена сласт, па макар било и лепче со шеќер и вода, најомиленото јадење за игра со другарите на улица.

Секогаш е ведра, насмеана, со широка прегратка, со румени обравчиња само за галење, со ни грам лутина во себе, а со неа најлесно заспиваш, и како да не ја сакаш. И на крај, баба што приказни ќе ти раскаже нема никој друг на светот.

Така и мојата Уранија, на мајка ми мајка. Секогаш ја задевав за тоа каков љубовник бил дедо и зошто баш него одбрала, нели имало и други момци во селото (с. Ранци, Егејска Македонија).

Еднаш ја фатив во добрите и со она “пази да не не чуе“ (дедо ми Димитрија), ми ја раскажа нивната љубовна приказна.

Се случило тоа кон крајот на 20те години на минатиот век. Баба била многу убава жена, така што прадедото Никола имал мака од стројниците. Најупорни биле сторјниците на дедо ми Димитрија кои по третиот обид успеале да добијат збор, а сето ова се случувало на Велигден во дворот на црквата св. Атанасиј во с. Ранци.

За нивниот живот, Уранија и Димитрија добиле осум деца. Мајка ми Гина е четвртото дете. Сите деца се родени во Ранци, само најмалата тетка Љубица во Македонија“, раскажа Џокси за Галама. Љубовта на неговите баба и дедо, му биле инспирација да ја напише песната.

Џокси неодамна објави со ново изненадување. Тој на својот профил на социјалните мрежи, објави фотографија со нашата најдобра и најпозната фолк пејачка Анета Молика и напиша дека му е внука!

Џокси сега објави слика со легендарниот пејач Томислав Маниќ кој е познат по песната „Црвени рози за вас мадам“ и многу други и во описот на фотката напиша:

-Тој со неговите 90 се уште е во светот на љубовта и розите, не ми се лути, но секогаш, кога ќе ме види, ми вели: “Ти откако се појави на естрадата јас женска не фатив”. Се разбира, на шега. Со Томислав Маниќ.

Претходна статијаМарко Слаткар на синот Моша му испеа специјална песна (ФОТО)
Следна статијаБебек всушност не се вика Жељко, легендарниот пејач откри кое му е вистинското име