Македонска актерка раскажа случка од имунизација: Се обидоа да ја тргнат оградата, да не истуркаат и да влезат преку ред

0

Познатата актерка Јасмина Поповска која се имунизираше по втор пат, се огласи лута на Фејсбук, поради ситацијата која ја видела во А1 Арената.

Актерката ја раскажа целата случка:

-Ревакцинација, човекови права и сајтот Вакцинација. МК! Рано изутрина бев веќе во редот за ревакцинација и навистина бев убедена дека дел од граѓаните веќе научиле како да се однесуваат во редот на мнозинството граѓани кои го почитуваат својот термин и редот на другиот!

Но не случајно сме именувани како Македончиња каде и да одиме, кога такви примероци со семкарска психологија довикувајќи и поздравувајќи лице во воена униформа(пријателче) се обидоа да ја тргнат оградата и на очиглед на сите нас да не истуркаат и да влезат!

Полицајците најпрофесионално го спречија ваквото “врскаџиство!” Оваа сцена ме потсети на нахалното тутнување на списокот на службеничките (неаплицираните и без одреден датум) од Јавното обвинителство во рацете на сиротите девојки од Црвениот крст кои по наредба на типчето од вакциналниот пункт требаше да ги протнат!

И тогаш и сега изреагирав! Некои од граѓаните ми прошепотија како трпат вакви инциденти знаејќи каков бил системот!

Не, не е до системот, до непознавање на човековите права и слободи е! Инц идентот го правиме систем, а системот инц идент!

Во современото општество постои систем : државата со своите институции, разни општествени институции, колективни дејствувања на групи…. Што значат човекови права и слободи?

Секој граѓанин треба да е свесен за своето Човеково достоинство како базична човекова вредност и тогаш нема со наведната глава да си трпи и трае… Значи до нас е! ( широка тема)

Што се однесува до сајтот Вакцинација. Мк за потсетување, тој ден отидов да се информирам сметајќи дека сум на вистинското место за да добијам прецизна информација што се случува со мојата апликација со месеци игнорирана и да се корегира грешката во колку ја лоцира “компетентниот”! Беше 19 мај!

Самобендисаното типче од вакциналниот пункт арогантно се саморекламираше дека сајтот е НЕГОВ, грешки не постојат и точка! Го посоветував дека точката подобро да е запирка и да го надгради сајтот!

Како и да е за многу кратко време протекоа лични податоци на 140 граѓани оставени на сајтот (матичен број, адреса, електронска книшка, вид на вакцина!

Ако ваквите податоци биле на увид на граѓанин без особено познавање на И Т технологија сакајќи да го превземе сопствениот сертификат за вакцинација што ли останува на вештите информатичари?

Се надевам дека има законска основа да се повикаат на одговорност лицата одговорни за овој проток на лични податоци!

После сите дешавки влегов и се ревакцинирав со Синофарм (не во готов шприц) со сестра без заштитни ракавици и која станала на лева нога!

На здравје да ми е вакцинацијата, и на сите Вас кои завршивте со имунизацијата! Да сме здрави, живи и полека да се вратиме на нормалното време! Останете во добро здравје и радост! “, напиша актерката.

Претходна статијаИако пет години го нема на овој свет, желбата на познатиот актер ќе се исполни
Следна статијаПрозборе братот на Жељко Јоксимовиќ: Не се дружиме