Лила како во Холивуд, си има приватен шофер, а од фустанчето кое го облече глава боли (ФОТО)

0

Лила Филиповска секојдневно ја гледаме на Сител телевизија како водителка на квизот, кој прерасна во шоу, „Се или нешто“.

Водителката многу ретко зборува за својот приватен живот, па речиси никогаш ништо не открива. На социјалните мрежи споделува фотогографии од нејзините активности, а многу ретко знае да сподели фотографија и со нејзиниот син Филип.

Водителката Лила Филиповска два пати вплови во брачните води, еднаш со таткото на нејзиниот син Филип, Златко Филиповски, а потоа и со Орце Димитровски гитаристот од групата „Арија“.

Изгледа дека Лила повеќе не верува во брак, а доказ за тоа е една фотографија што ја прикачи на социјалната мрежа Инстаграм.

„Ако видите кај мене некој прекрасен статус што го слави бракот и слично, да знаете дека ми го хакирале профилот“ е цитатот во кој се пронајде убавата водителка и симпаично се пошегува со своите следачи.

Лила често на социјалните мрежи знае да сподели и фотографии од нејзиниот син единец, кој сега тргна по нејзините стапки. Во опис на нивните заеднички фотографии секогаш има некоја шега во нивни стил со која ја засмејуваат јавноста. По повод еден негов роденден таа напиша емотивна порака за него.

„Моја прва среќа, моја љубов, моја поддршка ,моја десна рака, мој свет, мое сѐ …најсреќен роденден…..те сакам“. напиша водителката под фотографијата под која се редеа и честитки од нејзините фанови.

По тој повод Лила исто така во кратките приказни на Инстаграм кои траат 24часа сподели фотографија – колаж на која е заедно со нејзиниот син, а во описот на фотографијата напиша „Можеби сум те родила, но не се сеќавам. Најсреќен роденден човеку на мојот живот. Те сакам“, напиша Лила.

Но, и Филип не останува покус, па знае да се пошегува понекогаш со својата мајка. На една нивна заедничка фотографија, направена на роденденот на Бојан Јовановски или Боки 13, Лила е облечена во ултра издание, нејзиниот син во описот на фотографијата напишал: „Со Лила од сѐ или нешто“.

Синот на нашата најпопуларна ТВ водителка Лила Филипвска, можеби не толку е активен на социјалните мрежи како мајка си, но затоа кога тоа го прави, направено е.

Па оттука, јасно е дека крвта не е вода, а како и Лила така и Филип е одличен во привлекување внимание кај следбениците и пријателите на своите профили.

Наследникот на Лила се почесто можеме да го видиме на јавни случувања во нејзино друштво, што дополнително ги прави атрактивни кога се еден до друг меѓу јавноста.

Филип е дефинитивно најважниот човек во животот на Лила, а таа секогаш со гордост и љубов во очите зборува за него. И дефинитивно има зошто да се гордее.

Филип е младо, воспитано момче, со добри манири, за кои со сигурност е заслужна неговата мајка.

Лила кусо прокоментира на сликата: „Кога син ти ќе ти стави опис на сликата…“, а на неа Филип на шега напишал: Со Лила од „Се или нешто“.

Лила сношти целата блескаше, на промоцијата на својата нова песна, дуетот со Филип Пешевски.

„Тешко мене без тебе“ е дует темата кои ја снимија Лила и младиот и талентиран пејач Филип Пешевски.

– „Тешко мене без тебе“ е прекрасна композиција која ми легна од прво слушање. Филип е младо момче на кое му претстои блескава кариетра. Драго ми е што сум дел од неговите почетоци – вели Лила.

Пешевски е автор на музиката и текстот, а аранжманот е на Роберт Билбилов. За песната е реализран и видео клип во режија на „Томато продукција“. Во улога на продуцент, за првпат се јавува Зоран Василвски -Фаци.

На промоцијата. Лила облекла провокативно фустанче со чипка, а по сторињата се гледа дека како вистинска ѕвезда нејзиниот соработник Спасе ја земал од дома и заедно заминале на промоција.

На сликите, таа е со синот Филип кој исто така бил дел од оваа забава.

Претходна статијаКалиопи со бакнеж упати љубовна порака: Затоа што те сакам!
Следна статијаЗа ни едни пари нема да помислиме на кршење на мерките: Музичари ја напуштија свадбата зашто сватовите им барале да свират внатре