Кристина: Сиромашните деца се исмејувани на секој чекор

0

Познато е дека Кристина Арнаудова се занимава со хуманитарна работа заедно со тимот од здружението Проект среќа. Тие понагаат на децата од социјално ранливите кетагории.

„Проект среќа“ продолжи со хуманитарна акција „Среќна школска година“ промовирана неделава и во соработка со ресторанот „Four “ ќе израдува со школска опрема деца со социјален ризик. За својата хуманитарна работа, Кристина зборуваше во интервју за Независен весник:

– Хуманитарната работа ја започнав како мое хоби, активизам, пасија, а сега е веќе професија, која ми е приоритет во последниве 6 години. Човек треба да си го слуша срцето, и да го прави тоа што срцето му кажува. Јас си го послушав.

Музиката, дали е поп, рок, џез или класика, сосема неважно, е дел од мене и секогаш ќе биде. Но човек мора да си постави приоритети, а во Македонија музиката како приоритет одамна не може да биде единствена и сериозна професија било кому. Исто така сметам дека мојата хуманитарна работа е општествено многу покорисна отколку мојата музика….“

Таа наскоро ќе започне со емитување на емисијата Проект куќа со Кристина, каде што со помош на пријателите ги реновира домовите на социјално загрозените семејства. Тоа е всушност ТВ проект кој сега се с има и ќе емитува од есен. Неодамна, доби јавна благодарница на Фејсбук.

-Огромна привилегија беше да им се придружиме на Kristina и Blagica во Проект Куќа со Кристина/ Proekt Kukja so Kristina, та да можеме да помогнеме во реновирањето и целосното опремување на домот на една мајка со две дечиња од Велес!

Денеска беше предаден клучот од станот, на нивно големо изненадување, но за тоа како се одвиваше трансформацијата од почеток до крај ќе гледате наскоро во емисијата, затоа и не постирам повеќе слики тука.

Благодарност до сите вас што напорно работевте и дониравте кон ова нешто, затоа што радоста на дечињата и променетиот живот на ова семејство се најголемиот благослов што можеме да ги видиме и примиме за возврат!“.

Кристина неодамна на Фејсбук објави каква парада би требала да се одржи:

-Дискри-минарини се многу категории во светов, и поддржувам дека за секого треба да има права и правда, но зошто никој не дојде да праша како се дискриминирани сиромашните деца од нивните богати или ,,нормални,, врсници, и од општеството….

Зошто никој не зборува за тоа? Немаат можности за добро образование, пристоен живот, здрава храна, рекреација, исмејувани на секој чекор…и тоа е дискр-иминација. Ама некако не ни се збори. Веројатно дека тие деца и семејства не се многу влијателни…

Проект Среќа еден ден ќе ги изнесе на улица сите тие деца, да ги погледнете и нив. Наши деца! Дека постоиме и бараме помош и поддршка ама не добиваме најчесто. Парада на среќата и на децата“.

Претходна статијаСаша Богдановиќ на свадба кај најпосакуваниот „ерген“, му упати важна порака (ФОТО)
Следна статијаАктерката Силвија Стојановска доби емотивна порака од ќерка си Јана