Актерката Силвија Стојановска доби емотивна порака од ќерка си Јана

0

Силвија Стојановска е наша позна актерка, таа му беше сопруга на упокоениот познат актер Ненад Стојановски и ќерка на Ацо Јoвановски- снагата, исто така легендарен наш актер.

По стапките на Силвија и на Ненад тргнаа нивните ќерки, Јана Стојановска и Ана Стојановска. Ана ќе глуми во новиот филм на Милчо Манчевски кој е наречен „Кајмак“.

„Кајмак“ е црна комедија (или среќна траг е-дија) за две семејства, кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот на филмот. Филмот е безмилосна критика на лицемерството и на малограѓанштината“, вели Манчевски.

По сценарио и режија на Милчо Манчевски, во филмот играат: Камка Тоциновски, Сара Климоска, Александар Микиќ, Ана Стојановска, Симона Спировска, Петар Мирчевски, Филип Трајковиќ, Сашка Димитровска, Лазе Манасковски, Јасмина Василева, Дејан Лилиќ, Елена Кузманов, Крсте Роџевски, Ана Димитрова, Никола Ристески, Ангела Димитрова, Соња Михајлова, Александра Пешевска, Ѓорѓи Јолевски, Љиљана Богојевиќ, Сара Станиќ и други.

Јана пак, играше во познатата српска серија „Сенки над Балканот“ чиј режисер е Драган Бјелогрлиќ, а во едно интервју таа има изјавено за своето актерско потекло:

-Моите спомени за татко ми се само добри сеќавања, не се сеќавам на лоши работи. Освен, кога се вљубив во осмо одделение, тука малку полуде, ама „ин генерал“ имаше многу добри совети низ многу паметно склопени реченици. Се сеќавам како вчера да беше: Седнат на трпезариската маса, со кафе, цигари и текст пред него, како учи текст.

Посветено и ангажирано, прекрасен беше. А конкретен совет, кога учиш нешто, текст, вежба на клавир, кажи го најбрзо што можеш, и ќе видиш каде кочи. Таму каде што не оди, врати се и повтори го делот сто пати, репетиција е „мадре студиорум“.

Познато е дека Силвија во моментов поминува низ проблеми, а по тој повод поддршка ѝ даде ќерката Јана, која на Фејсбук има објавено:

„Мајка. Една е мајката, таа секогаш се става на прво место, бидејќи никој не може да ја замени и да ја спушти на било кое пониско место во нашите животи!

Мајката е онаа која не родила , која не носела 9 месеци во својата утроба, која не хранела, која не воспитувала, која не поддржувала и сакала со цело свое битие дури и кога сме биле најлоши!

Со мајката колку и да се замеруваме, караме или молчиме, секогаш за кратко нарвозата и лутината поминува а молчењето се претвора во прегратка и солзи радосници, бидејќи сфаќаме колку сме среќни што ја имаме покрај себе!

Мајката исто така е наш најдобар пријател поради следните причини:
– Мајката никогаш нема да ни забоди н -ож во грб! – Мајката никогаш нема да не озборува !

– Мајката никогаш нема да ни заврти грб или да не потупка иронично по него. Мајката никогаш нема да не навреди намерно или да не повреди како што тоа го прават другите пријатели!

– Мајката е онаа што сама ќе те брани дури и цел свет да се сврти против тебе! Мајката е онаа што нема да бара објаснувања , туку ќе те разбере без зборови !

– Мајката е онаа што секогаш ќе ти пружи рака кога паѓаш, наместо да те турне уште повеќе кон дното! Мајката е онаа што ќе ти даде секогаш искрен совет , комплимент или уште поискрена критика. Мајката е онаа која секогаш ќе те бодри!

– Мајката е онаа која те сака неизмерно. Мајката е таа која се грижи за тебе цел свој живот, дури и откако ќе пораснеш, за неа секогаш ќе бидеш дете!

Мајката е онаа што ќе ти пружи рамо за плачење или ќе ти наздрави искрено со чаша за твојот успех! Мајката е онаа која се гордее со тебе. Мајката може да биде и татко кој си го немал!

– Мајката е единствена. Мајката е љубов која никогаш не ум -ира! Мајката е таа што ќе ти кажува дека те сака без зборови!

Претходна статијаКристина: Сиромашните деца се исмејувани на секој чекор
Следна статијаВики Миљковиќ ќе ја реновира вилата на Цеца на Кипар, без попуст!