Ќерката на нашиот познат музичар во Америка наполни две години – тој и неговата згодна жена направија гала роденденска прослава (ФОТО)

0

Музичарот Владимир Крстевски- Франц речиси седум години живее во Лос Анцелес, со сопругата Ема Петреска, која е ќерка на политичарот Иван Џо Петрески. Франц беше гитарист и едно од заштитните лица на првата постава на групата „Нокаут“.

Уште пред да ја напушти Македонија и да се пресели во САД, престанаа и неговите активности во бендот, а чаршијата зборуваше за наводни несогласувања помеѓу него и Никола Перевски- Пере, вокалот на групата и негов близок пријател.

„Франц бил и ќе биде значаен дел од историјата на НОКАУТ, и тоа никој не може да го оспори, но, одиме понатаму.

Различните ставови го направија своето, но не смееме да дозволиме еден бренд како НОКАУТ да згасне заради меѓусебни несогласувања.

Мислам дека сосема погрешно е сфатен концептот на уметноста, па затоа сите коментари за наводна кражба на брендот не би ги коментирал.

Не би сакал нашите фанови да добијат погрешна перцепција за сето тоа, би сакал НОКАУТ да им биде асоцијација за квалитетна авторска музика, а не за какви било интриги“, изјави Пере во Женски магазин.

„Со Никола Перевски не сум се чул веќе 4 и пол години. Се обидуваше да ме покани на концертот на Кале во Скопје да бидам гостин, но јас некако не можам да разберам како да бидам гостин по дома!

Како тоа во својот дом гостин да бидеш!? Тоа е сѐ одраз на неговиот став дека тој е „Нокаут“, а јас сум бил само гостин.

Ние се разделивме после 18 години заедничка соработка. Од партнери 50-50 тој сакаше да ја смени математика на 80-20 за него и јас на тоа не се согласив. Го употреби бендот како алиби и си ја оствари својата цел.

Константно беше незадоволен, а се одеше глатко и редевме успеси. Се надевам дека сега е среќен и на сите од бендот им посакувам успеси во идинина“, раскажа Франц за магазинот „Убавина и здравје“.

Во јуни во 2019 година, Франц стана татко. На својот Фејсбук профил, Франц објави дека на први јуни, неговата сопруга Ема ја родила ќерката Мелоди.

„На први јуни, се роди мојата ќерка Мелоди Франц Крстевски. Ѝ посакувам добредојде на овој свет. Нашите срца се преполни со љубов и благодарам бескрајно на убавите честитки“, напиша тогаш музичарот.

Минатата година година во август, тој на својот Фејсбук профил објави дека на 31-Ви јули, неговата сопруга Ема ја родила ќерката Мона. „Ти посакуваме добредојде на овој свет и ти посакуваме да те сака животот колку што те сакаме ние“, напиша Франц.“

Очигледно е дека Франц ужива во животот во Америка, и не ја напуштил својата голема љубов, музиката. Тој и понатаму на Инстаграм објавува видеа како свири блуз и фотографии од убави пејсажи и зајдисонца од Лос Анџелес и од Холивуд, како и од патувањата во Чикаго.

Изгледа дека ќерките ќе го наследат, судејќи според една од фотографиите каде што неговата ќерка си игра со неговото појачало.

Времето лета, а првата ќерка на Франц и на Ема, Мелоди, наполни две години. Сликите од роденденската забава ги објави убавата мама Ема и напиша:

„Најсреќен роденден на нашата најслатка Мелоди! Ти си светлината на нашите животи. Многу те сакаме! П.с. Тортата ја направивме јас и мајка ми“, напиша сопругата на Франц.

Претходна статијаИсплива слика од свадбата на Весна Змијанац со Кемиш, сегашниот маж на Зорица Брунцлик
Следна статијаИскрено, не верував дека сестра ми ќе направи ваков потег