Искрено, не верував дека сестра ми ќе направи ваков потег

0

Со моите 32 години не можам сè уште да се пожалам на ништо. Поминав и убави и лоши работи досега, но не се предавам.

Родителите уште ми се живи и имам една помлада сестра. Отсекогаш сме живееле скромен живот, само за основните работи. Јас на млади години, се прелажав се омажив за еден, за кој сфатив дека не сум го познавала добро и по некоја година се разведовме.

Добро е што немавме деца. Оттогаш сестра ми ми беше најголема поддршка и утеха. Да не беше таа и нејзиното убедување повторно да тргнам на работа, не знам што ќе се случеше со мене.

Таа учеше од моето искуство и грешки и еве ја барем сега засега среќно омажена. Помлада е 5 години од мене и беше многу пребирлива пред да се омажи за зетот. Мислам дека не погреши, но времето и нивниот однос ќе покажат.

На моите почна да им доаѓа на ум да ја прашаат како да го поделат имотот, на која што да остават, а да не се лутиме меѓусебе затоа што живеевме под ист кров, делевме работи. Однесувањето на мојата сестра многу не изненади сите нас.

Таа беше цврсто одлучна дека не сака ништо да зема од имотот на татко и сè може да ми остават мене. Таа си имала сè, а и богами во доброситуирано семејство се омажи.

Татко ми ја убедуваше барем некоја соба од куќата да земе или викендицата, но таа не, слободно можеле се мене да ми остават. Да бев на нејзино место и јас така ќе постапев.

Тој ден донесе многу позитивна одлука иако можеби еден ден ќе се предомисли. Не дека мене нешто многу ми треба, доволно е само што живеам се уште со родителите. Можеби ќе се омажам пак еден ден, не може сама да бидам цело време.

Отпрвин се почувствував некако понижено, како сестра ми да ме гледа од високо. Еве јас сè имам, не ми треба ништо задржи си ти. Како остатоците на мене да ми ги остава или затоа што сум напатена, без маж па ајде едно хумано дело да направи.

Така некој период бев замислена и не знаев што да правам, да не почне со тек на време да ми вели, аха си има таа, да не бев јас, можев да земам дел од наследството за да не се шири таа.

Како што одминуваше времето и таа забележа дека нешто се случува со мене, па со тешка мака едвај успеав да и кажам, не сакав да стои како тајна меѓу нас. Сестрата моја силно ме убедуваше дека не е вистина тоа, да не се чувствувам пониско од неа, дека парите не ја промениле и тоа го направила со искрена и добра намера.

Моите секако не можеа да ја остават така, тие си најдоа начин како да и надоместат за тоа што не побара ништо од имотот. Само што знам многу случаи кога демек на почеток не бараат ништо, а после многу години ќр им текне дека имаат родителски дом иќе почнат да се расправаат со семејството.

Ехе, колку семејства завршувале на суд заради деца што сакаат дел од наследство, а зошто ќе им е, тие веќе оствариле свој дом и нивното поминало. Тие работи најмногу за раздор меѓу членовите ги прават.

Па зошто да се караме, ќе седнеме убаво и ќе се договориме кој што сака да земе, родителите ќе бидат согласни и решена работа. Многу сум и благодарна на сестра ми за тоа што го направи, навистина и нејзе а и мене ни симна товар, за да не настане расправија и поделба меѓу нас двете. Ние секогаш се сме си делеле заеднички.

Обработи: С.С. Фото: Илустрација

Името и презимето познати на редакцијата. Не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама

Претходна статијаЌерката на нашиот познат музичар во Америка наполни две години – тој и неговата згодна жена направија гала роденденска прослава (ФОТО)
Следна статијаЛепа Брена каква што никој не ја знае, не личи на себеси (ФОТО)