Три години откако ја купи парцелата на Сењак во Белград, пејачот Харис Џиновиќ изминативе денови ги завршуваше работите и се подготвуваше да се пресели.
Тој не штедеше на деталите и меѓу најважните работи беше неговата приватност. Харис посади разни растенија околу куќата на Мелина и Харис, што целосно ќе ги заштити куќата и семејството од јавноста кога ќе пораснат.
Бидејќи овој имот е голем, потребни се многу растенија со цел сè да биде опкружено и на некој начин пошумено, па Џиновиќ мораше да издвои голема сума пари, од скоро 2.000 евра – открива изворот за „Ало“ и додава:
– Не жалеа пари за да биде сè како што замислуваа. Тие се толку посветени на украсувањето на вилата, што е нормално дека им е важно и надворешноста и имотот изгледаат точно како што замислувале. И се чини дека приватноста е многу важна за нив.
Тие бараа вегетацијата да биде висока за да нема љубопитни погледи од улицата. Со сето тоа зеленило, ќе изгледа навистина убаво. Во дворот има простран базен, кој исто така ќе биде целосно засолнет.
Како што веќе напиша „Блиц“, Мелина и Харис се подеднакво вклучени во изградбата на куќата, при што секој од нив има свое омилено катче.
– Полесно е да се соработува со Мелина, иако таа не отстапува од нацртите што беа договорени. Сепак, за разлика од Харис, таа не се предомислува често. За неа е важно дневната соба да биде пространа и базенот, кој ќе биде на пониско ниво, да биде изграден правилно.
Нема да има место за релаксирање во џакузи, туку вистински базен каде ќе можете да пливате и да се рекреирате.
Од друга страна, Харис е одговорен за музичкото студио што ќе биде внатре во куќата, винарската визба, но и кујната што ќе биде огромна – изјави неодамна извор.
Во едно од интервјуата, Мелина коментираше дека не брзале со изградбата на вилата затоа што се грижеле за секој детаљ.
-Нашата куќа стана таква мист ери-ја за јавноста. Снемавме пари, па градењето запре. Така барем секој тврди и знае подобро од нас и е запознаен со нашата финансиска состојба.
Ние ја градиме нашата куќа од соништата. Не брзаме, некогаш ќе ја завршиме, мислам дека не ја градиме долго. Дом е она кога со сопругата и децата, во врската во каква што сме веќе 17 години.
Мојот дом може да биде хотел и секое место на планетата. Мојот дом не е врзан за мојот имот и имотниот статус, не ни е важно. Среќни сме што сме заедно и тоа е нешто што е најважно години наназад“, рече славниот пејач.
Харис неколку пати го преправаше планот на архитектите, тој градеше , па ако не му се допаѓаше нешто даваше наредби да се руши,и така во круг додека не стаса до посакуваниот гламур.
Познатиот пар Мелина и Харис Џиновиќ конечно се преселија во својата луксузна вила на Сењак во пред неколку дена, а за време на синоќешната тајна забава, ќерката Џина привлече посебно внимание со својата објава.
Џина е позната блогерка, обожавана на Инстаграм, а таа веќе си има и неколку свои фан страни.
Џина е во врска со фудбалерот Андреј Ѓуриќ а Харис и Мелина ја одобруваат оваа врска.
Имено, додека Џиновиќ славеше со еден куп познати и избрани личности, Џина им позираше на своите следбеници на терасата на скапата вила, а по тој повод покажа прекрасен поглед од Сењак.
Таа вечер Џина носеше црн фустан и веднаш се пофали со погледот од нејзиниот нов дом. Џина е многу активна на социјалните мрежи, каде е многу популарна меѓу нејзините врсници.
Таа секојдневно комуницира со своите следбеници на Инстаграм и Тикток, а судејќи според нејзините објави, е на добар пат да стане инфлуенсер.
Сепак, сега ги изненади сите со својот пост кога сподели видео без ниту една влакна на главата, користејќи филтер што се појави на мрежите.
Таа истакна дека смета дека е смешно како изгледа, и јасно стави до знаење дека тоа е само шега.