Миа се налути на коментар за синот и порача иронично: Се консултирав со доктор (ФОТО)

0

Познатата водителка Миа Костова во моментов е на одмор во Албанија, но на Инстаграм раскажа со какви здравствени проблеми се соочила пред да тргне.

-Да ви раскажам што стои зад овие месец дена до тргнувањево наваму и мојот совршен изглед на плажа со сите плус кила што си ги носам од нервози и хаос недели наназад.

Ретроградниов меркур да му се наплукам, направи сѐ да полудам од документи, коли, трансакции и се по список.

Покрај мојот дискус што гордо си го носам, од скоро сум сопственик и на торакален синдром како и тазе дискус на вратни пршлени. Главоболки неподносливи и аналгетици секој ден за да станам од кревет. Поима немам како стасав тука.

Сѐ тоа пропратено со анксиозност и па нични со кои уми-рам секои 3-4 саата. Ама си реков, не бе Миа не може да е појако од тебе. Утрово станав во 4:15. Не спијам. Ама има да одам контра колку што ме држи сила, а не е дека некој излегол на крај со мене. Нема ни ова.

Сликава е почеток на едно долго лето баш тука. Со надеж дека ќе почне да ме боли уво за сѐ па и за тоа дека може да полудам или да умрам ама па нарачав аперол, мислам дека е глупо да ти текне на аперол ако стварно ум ир-аш.

Ве сакам бескрајно, инаку… Плажата на летото е Хавана во Дерми. Кичмата ми е наследна и резултат на мрза. Бац од Албанија, топла препорака за Дерми, уште во првите 24 часа.“, напиша Миа.

Миа планира три месеци на остане на море во Албанија со својот син Андрија и со пријателката Тијана Секулиќ.

Таа им одговараше на своите следбеници на Инста за тао како е во Албанија, условите и околината, но едно прашање не и се допадна, а прашањето е поврзано со нејзиниот син.

– Што ќе прави Андрија, дур ти и Тијана сте еве до касно на работа или на некоја журка? Кој го чува? На ова Миа иронично одговори:

Планирам да му давам апчиња за спиење во период кога сум на журка се консултирав со доктор за поцврст сон дозата е малку поголема“, напиша Миа со зачуден емотикон и додаде:

– Се извинувам за дрскоста, но два прашалници на темава малку ми кренаа притисок. Плажата работои до 9, јас немам обврска да ги кренам лежалките на крај.

Андрија е со мене 9 години и како што може да се забележи е едно чувано и задоволно дете кое не било ни еднаш замрзанато у дубоко додека јас се журкам“, одговори Миа.

Претходна статијаЌерката на Харис Џиновиќ објави слика без коса (ФОТО)
Следна статијаМилена од Канал 5 е ептен патриот, рекламира одмор во Охрид и тоа со попуст