Реномираниот актер Гоце Тодоровски кој сѐ уште активно игра во Драмски театар и синхронизира ТВ-серии, ретко споделува приватни фотографии на социјалните мрежи. Тој во една прилика сподели празнична слика со сопругата Тања и ќерката Сашенка.
Но, едно нешто Гоце никогаш не може да прежали, а тоа е неговиот другар и колега Ванчо Петрушевски, кој по чина на 25 авуст во 2018 година од струен удар во неговата викендичка во скопското село Орешани.
Гоце во една прилика, во емисијата „Еден на еден“ со Жаре зборуваше за својот другар и за сето она што Ванчо го направил за него.
-Ванчо е виновникот затоа што јас станав актер. Тој студираше прва година во Софија, ио бевме на одмор во Бугарија, во Бургас, и тој имаше некоја книга од бугарски автор, и на враќање цариникот го праша: Што ти е ова?
Тој одговори: Литература. За што? Затоа што јас студирам во Софија, глума. А така ли, рече цариникот. Ни ги зема нашите три пасоши, четворица бевме, рите ги врати, а неговиот не го врати.
И после четири години му го вратија пасошот, а тој мораше да запише втора година глума во Бугарија. А јас веќе бев втора година на Градежен факултет, и требаше да бидам инжинер, по волја на татко ми зашто беше воено лице и не смеевме да го одбиеме.
Инаку, веднаш пук -аше. Ама, бидејќи бевме другари од 1962 година, заедно запишавме петто одделение, и уште од тие детски денови ние правевме скечеви разни.
На родителски состаноци имавме храброст толку да настапиме со скечеви пред родителите.
И така да, заедно бевме 54 години. Јас на комеморацијата баш дека повеќе бев со него отколу со самиот себе.
Заедно спиевме, повеќе спиев со него отколку што спиев со жена ми. Додуша, во различни кревети. Прво кога ќе ми го спомнат Вано, ми текнува на солзи.
И е, и уште ќе остане во нашите сеќавања, јас мислам бар едно петстони години“, изјави Гоце.
Во емисијата „Улица Македонија“, Гоце зборуваше за своето семејство. „Јас сум прв меѓу глумците кој својот син го нарече Гоце, а потоа уште неколку души го направија истото.
Само се сеќавам кога го запишував во матично, тоа беше во старото школо во Дебар маало во мисерна некоја градба, приземна, и една жена пред пензија.
И баш кога го запишував ме прашува: Презимето како? Тодоровски. Таткото? Гоце. Бебето како ќе се вика? Викам- Гоце.
И таа стои со пенкалото, и вели: Презиме, како рече? Тодоровски. Татково име? Гоце. Син, бебето? Гоце. Е како така? Ѝ викам: зошто да не. Пишува во уставот дека не смее така?
Не, ама во мојата кариера ова ми е за првпат вака. А ќерка ми Сашенка, руско име е тоа, доаѓа од коренот Александра.
Имаше една претстава и прочитав Сашенка. Русите имаат таков стил на даваање прекари: Машенка, Дашенка, Сашенка, и мене ми се бендиса тоа Сашенка.
Така да, таа е единствената во Македонија што се вика така, Сашенка. Мислам дека е единствената“, рече Гоце и додаде дека му е драго што децата не тргнале во неговите стапки.
Неговата ќерка Сашенка е активна на Фејсбук и она што може да се забележи според фотографиите е дека станува збор за ведра и позитивна личност.
Сашенка често објавува слики со својот сопруг, и вели дека е многу вљубена во него.
Во една прилика таа објави слика и од својот татко Гоце и ја нарече Младите бунтовници.
Една од поновите објави на Сашенка е слика со нејзината мајка Тања, жената со која Гоце е долги години во брак.
Сопругата на Гоце, мајката на Сашенка и на Гоце изгледа доста младолико, па на сликата со својата ќерка повеќе личат на сестри.