Јелена Томашевиќ направи лудилo во Скопје, а кога запеа македонска народна… (ФОТО)

0

Пејачката Јелена Томашевиќ и актерот Иван Босиљчиќ имаат складен брак, и ја имаат и ќерката Нина.

Неодамна српските медиуми потсетија дека тие ја завршија својата врска во 2009 година поради притисок од медиумите и бројни обврски.

Баладата на Јелена „Да ми је да ми се врати мој драги“ беше напишана токму во моментот кога двајцата беа разделени, а пејачката одби да ја отпее.

Меѓутоа, две години подоцна, кога следеше помирување со Босиљчиќ на предлог на нејзиниот сопруг, Томашевиќ ги отпеа стиховите кои опишуваа тежок период во нивните животи.

– Тоа се случи пред повеќе од 10 години. Иван и јас се забавувавме и под притисок на медиумите раскинавме. Секој имаше своја приказна, свое мислење за тоа: Треба или не треба.

Сергеј Четковиќ, мојот драг колега со кого исто така се дружам, ми се јави: „Ти напишав песна“. И тој ми ја отсвири „Да ми је да ми се врати мој драги“. Му реков дека не доаѓа предвид да ја пеам- рече Јелена Томашевиќ и додаде:

– Навистина, јас да изгледам оставена, не сакам да ја пеам оваа песна. И помина некое време, богами, мислам околу две години, јас и Иван веќе се смиривме. Во секој случај, во една прилика му реков:

„Па, дозволи ми да ти отпеам што ми напиша Сергеј, и јас никогаш не го отпеав“. Кога ја слушна песната, Иван се воодушеви: „Ова е божествено, зошто не го сними?“ – рече Јелена во емисијата „Kec na jedanaest“.

Јелена тогаш му објаснила на Босиљчиќ дека ѝ бил премногу тежок период за снимање на таа песна, но судбината одреди дека токму таа ќе остане како спомен на периодот кој бил болен и за двајцата.

Патем, од моментот кога повторно се смирија, ништо не успеа да ги раздели, а љубовта, разбирањето и почитта е она на што го градат својот брак и на тој начин се спротивставуваат на сите препреки веќе 10 години.

-Многу ги сакам македонските пејачи и македонската народна музика. Народната музика ми е посебно блиска бидејќи одев на фолклор во КУД “Абрашевиќ” во Крагуевац, каде играв и пеев.

Доста македонски изворни песни се наоѓаат на мојот репертоар, ова е поднебје кое изобилува со убава музика со ритам. Речиси целиот мој албум “Име мое” го работев со Дарко Димитров, тој композитор и аранжер на многу мои песни. Многу сакам да соработувам со Дарко, а за Вашите пејачи е непотребно да се зборува.

Самиот факт што од оваа земја е Тоше Проевски кој еден од најдобрите пејачи на сите времиња од овие простор, кажува многу повеќе од она што јас можам да го кажам за пејачите од овие простори. Со Калиопи веќе сум настапувала на самите мои почетоци. Со Елена Ристеска сум соработувала, таа гостуваше на мојот концерт во МОБ.

Остварив соработка и со Браќата Тавитјан за нивниот албум со обработки, за кој ја снимив една од моите омилени песни “Судбо моја судбино”. Со Каролина не сум соработувала, но би сакала. Тамара и Тијана се исто така фантастични. Имате многу добри пејачи за кој треба да слушне целиот свет.

Многу ми е жал што со Тоше не стигнав да соработувам. Дел надоместив со тоа што ја преработив песната која тој ја пишуваш “Где да одем да те не волим” за албумот “Тоше и пријателите”, изјави Јелена во интервју www.muzika24.mк“.

Томашевиќ вчера беше во Скопје во едне од нашите најпознати локали и според сторињата што се објавија на социјалнире мрежи, а ги има доста, таа направила топ журка.

Јелена меѓудругите песни ја пеела и „Бело лице љубам јас“, а тоа го снимила Тијана Дапчевиќ која го објави на Инста стори.

На настапот на Јелена се пеела и „Неасница“, а според снимката на Тиојана, била вистинска лудница од задоволна публика.

Претходна статијаБиба Додева го покажа внучето и има специјален повод за славење (ФОТО)
Следна статијаНоне се опушти на брод, се сонча без горен дел и нема гајле (ФОТО)