Биба Додева го покажа внучето и има специјален повод за славење (ФОТО)

0

Биба Додева е среќна баба. Таа е најгорда на својот внук Александар кој е нејзината најголема љубов и поддршка. Александар е син на нејзината ќерка Емануела.

Биба е претседателка на здружението „Борка“ и активно учествува во ангажманите со здружението. Таа во септември го промовираше својот нов албум „Незаборавни“.

На албумот, Биба заедно со својот долгогодишен пријател Владимир Дојчиновски- Дојчин, преработија 11 македонски евергрини кои Биба одлично ги интерпретира.

„Мојот внук е мојата најголема поддршка. Долго време ме немаше со албум, и среќна сум што ова е првиот поп албум во оваа 2020 година“, рече Биба чии песни се веќе евергрини, особено „Јас и мојот бенд“.

„Подолго време немав желба и сила да запеам, но се сетив на мојата мајка која секогаш ми велеше дека треба да продолжам да пеам.

Продолжив да пеам поради неа, поради ќерка ми, татко ми, мојот внук“, вели Биба.

Биба при крајот на минатата година објави емотивна фотографија со внукот, како се гледаат преку прозор. „Во време на вирусот.

Дај Боже да помине поскоро“, напиша Биба. Со оваа слика пејачката објави дека и таа е позитивна на вирусот.

Додева, откако ѝ помина вирусот, за жал повторно имапе задравствени проблеми, па објави фотографија од кардиологија.

„Едно селфи и од кардиологија. Маската одозгора ми е да ми одговара со аутфитот. Чувајте си ги срцата. Не секој го заслужува“, напиша Биба.

– Имав почувствувано дека не можам да дишам, а бидејќи имам хроничен бронхитис, и тоа со години го влечам, но така едноставно знаев дека почнав да не дишам убаво.

Претходно имав болку во грбот, мислев дека ми е од умор, од штикли носење, спондилоза, сè ќе измислиме само за да не е ков-ид, меѓутоа испдна дека е.

Можеби поради тоа дека се опуштив дека децета ми се во ред, после тоа кај мене беше крш.

Неколку пати одев на Инфективна клиника, најр изично ми беше еден момент кога јас веќе ги снимив плуќата, ме пратија на ренген. Се вратив јас накај кола со тешко дишење, и ми се јавува докторката и ми вика: Каде си?

Под итно да се вратиш, нема пола плуќа, билатерална пневмонија“, раскажа Биба за Канал 5 за тоа како се борела со вирусот.

Пејачката во април наполни 46 години и на својот Инстагтрам профил објави стори во кое им посака добредојде на своите години. Но, она што исто така е сеподели е честитка од нејзината ќерка, Емануела од чија слика е гледа колку личи на мајка ѝ. Во честитката, Емануела ја нарекува Биба мајка и татко.

-Среќен роденден на оваа кралица: мајка, татко, баба, креативен артист, бестрашен ѕв-ер, сила на природата, најелегантната, срце од жена. Те сакаме“, напиша Емануела.

Вчера, внукот на Биба, синот на Емануела наполнил четири години, а Биба овој убав момент со внукот и роденденската торта со овековечи на социјалните мрежи.

Претходна статијаНаставничка по математика: Не сум ви јас крива што децата ви се мрзливи
Следна статијаЈелена Томашевиќ направи лудилo во Скопје, а кога запеа македонска народна… (ФОТО)