Јанко Илковски: Ми рекоа дека сум рекетар и пребледев, во несвест ќе паднев

0

Јанко Илковски, познатиот радио и ТВ новинар, периодов слави 20 години на малите екрани. Тој неодамна гпстуваше во емисијата „Опуштено со Тони“.

Ме знаеш многу добро, ослабев 30 кила, се стопив, првпат човек, од инфа рктот ми дојде памет. И што се случи, за месец ипол два…“, рече Јанко.

Јанко раскажа дека на една од првите емисии, на тогашната А1 телевизија, камерманот задремал, целото студио мирисало на смоки, а тој заработил алергија и заминал на дерматолог.

Тони, нејќев да идам на телевизија, нејќев, јас сакав да ум рам на радио“, рече Илковски за своите почетоци кои беа на радио 103.

„Како што „јади Бурек“ се етаблира, јас викам, дај малце ко Џеј Лено да бидам. Секоја вечер да бидеш присутен, лејт најт шоу, што е толку страшно, по еден саат.

Ај, не еден саат, два саати. Па на некои телевизии и три саати. Брат, три саати пред камера, не ослабуеш.

За Божиќ идам да купувам, и стојам пред месарницана, и стојат дечко и девојка. Јас стојам тука нешто месо да одберам пред Божиќ, девојкана ме гледа, му се врти на дечкото и му вика: Абе, забораивме прасе да земеме.

Јанко Илкоски беше гостин во утринската програма на ТВ Сител, и тој со Александар Блажевски зборуваше за своите трансфери во разни телевизии.

Зборуваше и за неговиот култен проект „Имаш слика гаси тон“ на радио, кога Јанко ги коментираше спортските натпревари. „Ми се оствари сонот. Горан Пандев ја испеа химната, јас се изнарикав“, искоментира Јанко за Македонија на Европско.

Потоа се запраша: Зошто ме нема во ни една реклама?“, а мислеше на рекламките во кои сценариото е спорт.

Јанко раскажа случка, кога помагал за собирање средства за лечење на бол-ни деца. „Сум плачел, сум рикал. Мора некако да ми излезат тие емоции“, раскажа Јанко.

-Ние сме како невропсихијатри, ние сме како психолози, ние ги сослушуваме луѓето. На народот им фали друштво. Им фали муабет. Тоа е емпатија, малку љубов им фали на луѓето“, рече Јанко.

Раскажа и една приказна каде што го имаат наречено рекетар. „Кога не бев на телевизија, бев да преговарам со некои портали. Разговарам со еден колега, а уредничката ме гледа со стисната вилица. До толку знам да читам говор на тело.

И ѝ реков: Имаш некој проблем со мене? Имам. Ти си рекетар. Пребледев, во несвест ќе паднев. Сум слушнал се: Свиња дебе-ла, вмровска, ама ова не. Па јас со татко ми работев трговија и напуштив затоа што не сум скроен за тоа.

И ми покажа писмо, дека некој директор зборувал со некој уредник на телевизија дека не може да плати повеќе од 5 илајди евра да гостува кај мене во емисија. Јас сум немал појма за тоа.

Јас и ти не сме во техника, ние сме зад камерите и не знаеме што се случува“, рече Јанко. Тој искометира дека секоја телевизија најверојатно има луѓе кои се собираат по станови и се јавуваат.

Потоа, Блажевски го праша како го замислува завршетокот на својата кариера, а тој рече: Нема да се пензионирам, животот ќе го завршам пред камера.

Претходна статијаБрена го покажа својот брат, еве со што се занимава тој (ФОТО)
Следна статијаАдријана, Ирена и Баже Грујовски живот си живеат, од ѓезме на ѓезме (ФОТО)