Адријана, Ирена и Баже Грујовски живот си живеат, од ѓезме на ѓезме (ФОТО)

0

Со години наназад, Ирена Спировска е една од нашите најдобри и најпознати водителки. Таа изгради успешна кариера во медиумскиот простор.

Таа е најангажираната водителка на промоциите на речиси сите познати поп и фолк-пејачи, како и многу културни и општествени настани и е синоним за успешна, но и негувана и убава жена.

Приватно најголема радост ѝ е ќерката Зорица, а е и активен член на НВО „Борка“.

Сепак тоа што посебно ќе го издвоиме за неа е стилот, кој кај неа варира во однос на работните обврски, промоциите на кои се појавува или пак тоа што обожава да го носи во слободното време.

Ирена беше активна и во модниот свет, таа е Зимска убавица на Македонија за 1993 година.

„Бевме дел од манекенската екипа на Марјан Димитриевски кој во тоа време ја имаше најдобрата модна агенција. Ние станавме дел од неа на почетокот на деведесетите.

Станавме дел од подмладокот на агенцијата и освен на модни ревии учествувавме и на избори за убавина како претставнички на агенцијата. Јас бев избрана за Зимска убавица на Македонија во 1993 година.

Тој период јас веќе работев во МТВ како хонорарен соработник, па решив да се откажам од модните писти и да им се посветам на студиите по книжевност и на работата во телевизија“, се сеќава Спировска за Женски магазин.

Спировска е една од ретките која успева умешно да направи баланс меѓу приватниот и професионален живот, а слободното време го користи за планинарење.

Највисокиот врв кој го има искачено е Триглав, а целта и е да искачи и некоја повисока планина. Познато е дека таа има доста пријатели од естрадата со кои приватно се дружи но и соработува, а еден од нив е музичарот Благоја Грујовски.

Музичарот неодамна во емисијата „Магазин“ зборуруваше за она што многу тешко му паѓа, а тоа е паузата на музичарите во овој период на пандемија.

„Не е баш пријатно. Напротив е многу непријатно за луѓе активни, професионалци, да немаат ангажман, да седат дома.

Повеќето од нас се снаоѓаат, почнуваат нешто друго да работат иако ние не сме специјализирани за тоа другото. Дури и да се специјализираш, тешко тоа оди. Јас сум на пример квалификуван новинар, но сега не можам и не сакам да се враќам назад.

Имаше некои малиц -иозни препораки до нас, демек можеме да чистиме скали, можеме да работиме во нива, невкусни и бе зоб-разни коментари.

Не е лесно, и на никого не би му посакал да остане во таква ситуација, да работи едно, и да мора на 40-50 години присилно да се преориентира. Како прво, никој не те прима на работа.

Лесно е да кажеш од страна- работете во нива. Тој што работел во нива го правел тоа цел живот, и не може секој тоа да го прави, иако изгледа можеби лесно. На сите ни фали дружење. На луѓето им фали дружење, музика, на нас ни фали ангажман“, рече Благоја.

Блиска пријателка на Ирена ѝ е и Адријана Алачки. За Адријана Алачки шест јуни беше голем ден. Имено, познатата пејачка и авторка на емисијата „Вкусот на традицијата“ го слави овој ден токму поради својата емисија.

Нема кој ја нема гледано Алачки која готви во кумановското Етно село, и по секој рецепт завршува со нејзиното познато мх,мх.

Рецептите на Адријана ги имаат пробано луѓе ширум светот, таа емисиите ги снимаше речиси на сите континенти, а последно беше во Хрватска од каде што најави интересни прилози.

Адријана објави слика со своите пријатели, Баже и Ирена, дотерани и стокмени како да снимаат новогодишна емисија. Сликани се во ТВ „Алфа“, каде што Ирена работи, а истата телевизија ја емитува и емисијата на Адријана.

Под нив стои написот „Везилка“, таа што претпоставуваме дека се работи за нова емисија на „Алфа“, а според луѓето на сликата и според насловот, не очекува уште една емисија со убава македонска музика.

Овој пат, триото Ирена, Адријана и Баже беа во парк Гиновци и се пофалија слики како уживаат во добро друштво, во убавата природа со убаво ѓезме, како дел од подготовките за емисијата.

Алал да им е што живот си живеат на ова жешко време. „Дел од емисијата Везилка, Парк Гиновце и прекрасната Г. Ема!“, напиша Алачки до сликите.

Претходна статијаЈанко Илковски: Ми рекоа дека сум рекетар и пребледев, во несвест ќе паднев
Следна статијаЦецо мори шо сторе, ќе грабаш пари: Цеца ќе ја видиме на плажа во Охрид, ама ќе се сонча и на базен во Пробиштип