Ина Многуфина конечно го откри својот идентитет? Се сликаше на пазар во хаљина бела (ФОТО)

0

Ина МногуФина многу често ги коментира случувањата во нашата земја, на интересен, хумористичен начин.

Има многу следбеници на социјалните мрежи, таа е луцидна, а нејзиниот сарказам привлекува многу следбеници, кои со нетрпение очекуваат кој јавен ќе се најде на дневното мени на Многуфина.

Во една прилика, таа ја прокоментира пејачката Елена Ристеска. Ристеска прослави 100 000 следбеници на „Инстаграм“, а по тој повод нејзините пријатели и приредија специјално изненадување во еден скопски ресторан, каде масата беше декорирана со балони кои ја симболизираат бројката на нејзините фанови.

„Она кога имаш среќа и подарок од Господ да имаш совршени другари и блиски луѓе. Кои наоѓаат повод да те направат најсреќна на свет и да те изненадат.

Во случајов по повод 101.000 следбеници успејаа да не ги “провалам” дека нешто подготвувале.. #малитеработи го прават животот убав’ напиша Елена на социјалните мрежи.

По тој повод, Ина МногуФина се огласи, па на својот Фејсбук и напиша:

„Дали озбилно Елена славела 100 000 следачи во ресторан уште изјави дека била изненадена не знаела шо и спремаат? Па праење прослава за следачи е подебилно и од пола роденден со пола торта!“

Ина минатата година ја прокоментира и модната дизајнерка Елена Лука. Таа се најде на мета на критики, откако на нејзината официјална страница се појави модна маска за лице, која се продава по цена од 599 денари.

Многумина коментираа дека во време кога светот е во п аника поради вирусот, дизјанерските маски се последното нешто на кое што треба да се мисли и од кое што треба да се заработува.

На ова не остана имуна Ина Многуфина, која не пропушти прилично жестоко да ја искоментира Лука:

,,Земала снимила видео да демантира дека била у Италија и оди низ двор за да и се види куќата од надвор демек луксузиве и џипот и све…џабе ти се и куќа и џип и сите пари на светот, сељандуро мизерна што сакаше од маски да профитираш. Парите не можат мозок да ти купат, Бруко!”

Ина Многуфина, низ годините наназад, прилично добро успева да го скрие својот вистински идентитет.

Таа денес на својот профил на социјалните мрежи, постави фото од девојка на пазар и остави коментар:

„Јас на влез на Зелено Пазарче по зарзават, сабајлево, не баш рано накај 10, му викам на Миле од кај гајбите надвор: штракни едно фото да му пратам на симпатијата дека ме бива и за домаќинка и за госпожа.“

Дали е ова Ина Многуфина, или повторно се работи за нејзина шега, останува да покаже времето.

Претходна статијаВедрана Рудан го здрма Балканот – со својот развод и новиот, млад дечко
Следна статијаМаријана од Австралија раскажа како ја пронашла својата среќа (ФОТО)