Маријана од Австралија раскажа како ја пронашла својата среќа (ФОТО)

0

Заедно со нејзината естрата Росана, Маријана Новачевска е позната по многу убави песни, а секакко најпозната и најпеена и денес е „Признавам“, песна која ја знае и млади и старо.

Повеќе од 30 години, живее во Мелбурн, Австралија. Во Мелбурн, исто така живее и нејзиниот поранешен сопруг, композиторот Тоде Новачевски, кој ги напиша повеќето од хитовите на Маријана и Росана.

Маријана времето често го поминува со нејзината добра пријателкја, пејачката Татјана Лазаревска, уживајќи заедно на плажа, на прошетка, на кафе или на шопинг.

Маријна неодамна објави фотографија од плажа и рече дека нема влезено во океанот 30 години, но објави и слики како млад стилист го сменил нејзиниот имиџ кој сите го пофалија.

На Велигден минатата година, Маријана стана баба.Снаата на Маријана, сопругата на синот Филип, Анастасиа, во Мелбурн ја роди Ива, првата внука на Маријана и на Тоде Новачевски.

Маријана и Тоде имаат и ќерка која се вика Магдалена и во една прилика емотивно ѝ го честиташе роденденот.

– Моја драга Меги, мое сонце, мое се, среќен роденден. Ти си прекрасен благослов, специјална среќа, моја љубов и моја гордост. Кога и да почувствуваш дека животот е нефер само запамети дека мама и твојата фамилија секогаш ќе се грижат за тебе.

Покрај другото, фала што ја направи мама помлада на овие фотографии“, напиша Маријана за својата ќерка. Маријана е медицинска сестра на Стоматологија, и ужива во својата работа.

Ева е весело дете, многу се смее и сака да јаде. Таа и две годишното внуче Ноах на сестра ми Росана, се нашата најголема радост. Двете уживаме во улогата на баби“, изјави Маријана.

Кога Ева во април наполни една година, Маријана со емотивни зборови ѝ го честиташе роденденот на својата мила внука и објави среќни семејни фотографии на кои се гледа колку семејството ужива заедно.

На сликите е и композиторот Новачевски, нејзиниот поранешен сопруг, со кого Маријана е во добри пријателски односи. На внуката таа ѝ посака среќен роденден со оригинална честитка:

– Среќен роденден локумче, душичке, срцуленце наше, наше се. Да си жива и здрава, среќна и весела“, рече таа. Во својот најнов статус, Маријана како да се опиша себеси и својот животен пат. На Фејсбук таа го раскажа следново:

Постојат луѓе кои не играат, како другите што ќе им свираат. Тие не се сечии, било кои и безнадежни.

Толерантни се , свои, храбри и не се плашат од предизвиците на животот, понекогаш тврдоглави а некој би кажал чудни, малку удрени и надмени.

Тие луѓе се сепак мали а големи , необични и упорно свои. Е , баш тие луѓе не ја бркаат среќата затоа што среќата се тие самите.

Оваа нејзина мисла ја поддржаа многу пријатели, а меѓу нив е и Росана, сестрата близначка на Маријана која ѝ рече: Сонце мое, душо моја, срце мое, мое се, бравооо!

Претходна статијаИна Многуфина конечно го откри својот идентитет? Се сликаше на пазар во хаљина бела (ФОТО)
Следна статијаЖељко се врати во училишната клупа по 30 години, правеше скара и пееше до зори (ФОТО)