Го урнаа најкултното место во Охрид – сега ќе си постелваме пешкирчиња на камчињата

0

Со демонтирање на платформата во езерото пред плажата „Куба либре“ почна уривањето на нелегалните објекти долж Охридското крајбрежје.

Ова следи откако локалната власт најави дека ќе бидат остранети сите објекти од плажите на кои им истекле концесиите.. Уште пред една недела се почна со поставување на механизацијата, а вчера сите објекти беа и исклучени од системот со електрична енергија.

Акцијата почна со засилено полициско обезбедување, но се одвива без никакви проблеми. Сепак Општината и стопанствениците на плажите имаат различни ставови околу уривањето. Од општината велат дека со ова конечно се става крај на самоволието и хаотичното стопанисување со плажите.

-Повеќе нема да биде толерирано нелегално работење и остварување на бизнис интереси на поединечни фирми, кои без договори за концесија и надвор од сите законски процедури граделе објекти и узурпирале државно земјиште,

со што нанеле значителни штети во строго заштитената зона на езерото, се наведува во соопштението од Општина Охрид. Од друга страна пак концесионерите со низа забелешки за целата постапка:

„Плажата е изградена со проект, со обезбедени сите потребни дозволи од Општина и држава. Никој од надлежните не дојде да ни каже како треба да изгледа просторот, што ние треба да преземеме.

Доброволно ќе направевме се што треба, но за жал, не добивме ниту известување, уште помалку некој да праша какви се нашите проблеми.“ истакна Маријан Маловчев, менаџер на плажата.

Од општина Охрид најавуваат дека акцијата ќе ги опфати сите пет плажи од источниот брег опфатени со Генералниот урбанистички план,( односно „Куба Либре, „Кадмо”, „Бела Виста” како и „Канео”„ и „Потпеш.”)

Инаку дивоградбите се една од клучните забешеки на УНЕСКО, поради која Охрид ги исполнува условите да биде ставен на листата светско наследство во опасност.

На актуелната информација со интересен коментар се огласи Тина Достин, која напиша дека „Куба Либре“ била едно од најкултните места во Охрид и за младите и за повозрасните:

„Најкултното место во Охрид за уживање во последните години за сите генерации – Куба Либре.

Ајваните и жабите крастави назад, за да биди вратено местото култно во “првобитна состојба” – така раат ќе си постелваме пешкирчиња по камчињата бисерни. Жалосен менталитет!“

Претходна статијаМинистерот Османи со одлична вест: Од 1. Јули во овие земји ќе телефонираме како да сме дома
Следна статијаЌерката на Соња и на Јохан пред важен чекор во животот (ФОТО)